Само Насер Нуредини поднел барање за апанажа како поранешен министер
Објавено во: Македонија 06 Март, 2023
Поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е еднинствениот министер кој до денеска поднел барање за апанажа, по разрешувањата во Владата направени поради новото коалицирање.
Ова го потврди петседателката на собраниската Комисија за избори и именувања Марија Георгиевска.
„Побарав апанажа, но парите кои ми следуваат ќе ги донирам на добротворна организација, бидејќи за жал во Македонија има многу на кои им треба помош. По оставката од министерската функција се уште не сум одлучил каде ќе го продолжам мојот професионален ангажман. Сега извесен период ќе се посветам на семејството“, ни изјави Нуредини за Слободен печат.
Тој функцијата ја извршуваше од 2019 година и му следува апанажа во траење од една година.