Само оставка може да ја спаси кариерата на Диме Спасов!
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2016
Мора да има ред и почитување на законите. Секој мора да сноси одговорност бидејќи тоа е најконструктивен и најпродуктивен политички пристап кон работите -вели за Фактор, аналитичарот Алберт Муслиу коментирајќи ја сообрјќајката во која заменикот Диме Спасов со службено возило на Агенцијата за вработување, удрил во неколку паркирани возила, а потоа избегал од местото на настанот.
Недозволиво е според политичкиот аналитичар несовесноста да биде прикриена со етнички предзнак, а дел од институциите и партијата на власт да се трудат да го скријат случајот или да ја пренасочат вината.
„Да се случеше ова во Британија, оставката ќе беше поднесена, прифатена а јавноста ќе добиеше извинување“, изјави Маја Петрушевска, продукциски менаџер во светскиот сервис ББЦ во емисијата „360 степени“ на Алсат-М.
Однесувањето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот функционер Диме Спасов, како од морален, така и од политички аспект беше тема за која се дебатираше во емисијата.
И останатите аналитичари сметаат дека Спасов влегува во замката на ВМРО ДПМНЕ, наместо да поднесе полтичка одговорност, тој оди тврдо , на ѓон со што долгорочно си ја ризикува кариерата. Оставката можеше да биде чин што ќе го спасеше Спасов, и ќе го покажеше неговиот човечки лик, но сега е веќе доцна сметаат експертите.