Само што ја извадија, падна цената на зелката: Земјоделците бараат помош од министерот
Објавено во: Агробизнис 09 Април, 2019 10:13
Вртоглав пад на цената на зелката за само еден ден. На стартот на откупот на пролетната зелка килограм зелка се откупува за 30 денари за килограм, иако пред само 24 часа цената била позиционирана на 50 денари. Земјоделците кои одгледуваат зелка реагираат дека ако продолжи овој тренд ќе треба производот да го продаваат за џабе. За Фактор коментираат дека имаат сознанија дека во Европа никаде нема доволно зелка. Во исто време во струмичко, според нив, откупната цена е смешна. Ванчо Митев потпретседател на сојузот на земјоделци на Македонија вели дека итно мора да се реагира. За тоа го известиле и министерот за земјодлество шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
„Само што почна бербата и откупот веднаш цените паѓаат. За само еден ден за дваесет денари. Па за колку да ја продаваме. За ситуацијата со откупните цени на раноградинарските култури во струмичкиот регион е известен и министерот Љупчо Николовски, исто така му е укажано дека инспекцијата треба да работи “ истакна Митев.
Погодните временски услови годинава придонесоа за квалитетен ран зеленчук. На струмичкото поле веќе се берат зелки, краставици, домати, лут пипер, но како ќе се движат откупните цени се уште не се знае.
Минатата година производителите се соочија со многу лоша откупна година. Се надеваат дека годинава нема да се повтори истата разочарувачка состојба во земјоделието. Според податоците на Сојузот на земјоделци на Македонија одгодина в година има се помалку производители на ран зеленчук.Н.М.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





