24 Ноември, 2024
0.0274

Само во март без работа останале 2.000 работници, бројките за април ќе бидат подраматични

Објавено во: Економија 08 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Само во март, бројот на невработените во земјава се зголемил за околу две илјади лица, или прецизно, 1.916 нови невработени.
Ова го покажуваат официјалните бројки на Агенцијата за вработување.
Сега, односно во март, има вкупно 107.732 невработени во земјава, говорат податоците, откако во февруари нивниот број изнеувал 105.816 лица, а во јануари 104.409 невработени, што говори дека и во февруари имало пораст на бројот на невработените. 
Колку нови невработени има во април, од Агенцијата за вработување, не кажуваат. Оттаму само ни го пратија линкот со податоците заклучно со март, иако баравме такви податоци.

Всушност, Фактор до Агенцијата за вработување ги постави следниве прашања. Дали откако почна коронакризата во земјава, се зголеми бројот на невработени? Кога се забележа зголемување на бројот на невработени, односно дали пораст имаше веќе од март и колку е регистрираниот пораст во април? Дали овие нови невработени дојдоа од угостителскиот, туристичкиот и хотелскиот сектор? Со оглед што во земјава се вратија многу луѓе од странство, пред се од Италија, Малта, но и од други европски земји каде што работеа, а кои тука не беа регистрирани како невработени, дали тие сега се пријавуваат во Агенцијата за вработување и бараат работа? Колку е паднат бројот на вработени во март и во април? Дали има промена на договорите за работа, од неопределено на определено време и колку такви случаеви има во март и во април? Како Агенцијата за вработување ќе им помогне на овие нови невработени? Дали сега воопшто има компании што бараат работници, од кои сектори се тие работници и колкави плати се нудат, односно дали платите се намалени во однос на оние што се нидеа пред да настапи коронакризата? Со оглед што Агенцијата за вработување имаше почнато многу активни мерки за преквалификација, обука, за самовработување и слично, дали уште важат тие мерки и дали има интерес се уште од граѓаните да ги користат? И дали, кога еднаш ќе заврши оваа здравствена криза, Агенцијата планира да стартува со некои нови мерки за да им се помогне на невработените да дојдат до работа и какви би биле тие мерки?
СЕ ПРИЈАВУВААТ И НОВИ НЕВРАБОТЕНИ, НО И ТИЕ ШТО ДОБИЛЕ ОТКАЗИ

Еве какви одговори добивме од Агенцијата.

Следејќи ги насоките на Владата за спречување на ширење на вирусот КОВИД-19, почнувајќи од 11 март 2020 година, редовното пријавување на невработените лица (оние кои се пријавуваат на секои 30 дена, односно на секои шест месеци) е запрено. Тоа подразбира дека во овој период не се бришат од евиденција невработените лица поради ненавремено пријавување. Во овој период како невработени лица се пријавуваат оние лица кои за првпат сакаат да бидат евидентирани како невработени лица и оние на кои им престанал работниот однос во изминатиот период и сакаат да поднесат Барање за остварување право на паричен надоместок. Состојбата со невработеноста по месеци можете да ја видите на следниот линк http://av.gov.mk/nevrabotenost.nspx“, се вели во одговорот од Агенцијата.

Додаваат дека секое невработено лице има право да се пријави во евиденцијата на невработени лица, доколку ги исполнува законските услови. 
„На нашата веб-страна се наоѓаат огласените слободни работни места http://av.gov.mk/pocetna.nspx, чиј број во моментов изнесува приближно 6000, но таа се менува постојано“, велат од Агенцијата.
Нагласуваат и дека Агенцијата за вработување продолжува со спроведувањето на дел од активните програми и мерки за вработување (субвенционирање на плати, вработување и раст на правни субјекти) , за што наредната недела ќе бидат склучени договори со приближно 1.500 работодавачи. Воедно, се спроведуваат онлајн обуки за невработените лица, а останатите обуки ќе се спроведуваат по завршувањето на вонредната состојба, кога ќе бидат оивозможени соодветни услови за нивно спроведување.
А дел од телевизиите денеска регистрираа како отпуштените работници буквално создадоа метеж пред вратите на Агенцијата за вработување, и покрај препораката за раздалеченост меѓу граѓаните од најмалу 1,5 до два метри. 
Според нивните изјави, тие се отпуштени деновиве, односно добиле откази, па во АВМУ отишле за да ја искористат паричната поддршка што им следува од државата.
На шалтерите на Агенцијата чекале и бизнисмените, или да пријават нов вработен или пак да одјават работници од својата фирма.
Телевизијата Алсат објави податок дека во март и во првите денови од април повеќе од 20.000 вработени останале без работа, а најмногу откази биле поделени во Скопје.
Дали се точни овие податоци, ќе дознаеме откако ќе ги објави Агенцијата за вработување, иако министерот за економија, Крешник Бектеши, рече дека бројките за отпуштените од угостителскиот сектор, ги чекаат од Државниот завод за статистика. 
Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?