„САМОХРАНА МАЈКА И РАЗВЕДЕНА ЖЕНА БИЛЕ ОПАСНОСТ“, еве што предизвика пораката на владиката Петар за „изопаченоста“ на родовата еднаквост
Објавено во: Македонија 17 Април, 2023 19:28
Владиката Петар во
велигденското послание порача дека родовата еднаквост е „изопаченост“, жестоко
говорејќи против феминизмот, нагласувајќи дека жената во денешно време е многу поеманципирана
за разлика од минатото, но се повеќе има разведени жени и самохрани мајки.
Пренесувајќи ја неговата изјава во прилог на ТВ Телма, владиката истакнува дека остварувањето на права без должности, го расипува и изопачува светот, кој ја губи својата рамнотежа и хармонија и дека покрај феминизмот, на нашето оштество сега му се заканува уште поопасна и поотровна идеологија, а тоа според него е „изопачената“ родова еднаквост.
-Но, да внимаваме! Вонмем! На нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост! Оваа идеологија, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена; Господ ги создаде машко и женско, и сè друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо, вели тој во пораката.
Ваквите негови ставови во однос на родовата еднаквост ги зажешти социјалните мрежи. За дел од граѓаните владиката Петар е познат и под кодното име Расипник, а неговата порака ја оценуваат како скандалозна и расколничка.
-Еманципирана жена, самохрана мајка и разведена жена биле опасност. Жените требало да бидат исклучиво домаќинки. Па, вие бре олку јаки мажишта ако не знаете да се нахраните, исперете и зачистите, сте едноставно неспособни. Не ви се криви жените.
-Апелирам до неколкуте пријатели и новинари кои се уште ги имам овде, да побараат официјален став од Тимотеј и Синодот на МПЦ-ОА за скандалозната и дури расколничка изјава (Послание) на владиката Петар (кодно име Расипник дури бил дел од тајните екс-ју службите).
Се надевам дека и некои од оние кои се шетаа по светиот оган од Ерусалим ќе излезат со реакција.
-Ако некој, и особено некоја, се уште мисли дека црквата треба да има место во современото демократско општество и дека нејзините ставови треба да бидат релевантни во носењето политики, нека го гледа владиката Петар како збори за родовата еднаквост како „изопачена“, бидејќи без неа жените си биле мајки и домаќинки.
Додека пак, активистката од Маргини, Ирена Цветковиќ, со неколку наслови потсети кој е владиката Петар и со какви скандали се соочи во минатото човекот според кого родовата еднаковост е „изопаченост“ и богохулие.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




