“Samsung, Apple и LG“ се топ 3 произведувачи
Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2014
Компаниите на Samsung, Apple и LG се првите три произведувачи на телефони во третото тромесечие, а воедно и за првите три тромесечија од целата година ...
Тоа е базирано на извештаи на произведувачи и податоци од пазарот од извори од ланци на снабдевања, наведува Digitimes.
Кинеската компанија Huawei, Xiaomi и Lenovo ги завземаа четвртата, петата и седмата позиција во ист период, се наведува и понатаму во Digitimes.
Кинескиот Xiaomi имал највисок раст, од речиси 200 одсто на годишно ниво, додека ZTE од минатогодишната осма позиција, испадна од топ десет произведувачи на телефони.
Глобалните испораки на телефони би требало да достигнат цифра од 1,2 милијарди едицини, додека во наредната година тој број требало да биде 1,48 милијарди единици.