Самсунг зададе силен удар, како ќе одговори Епл?
Објавено во: Анализа 29 Март, 2013 09:03
Како и да е, со текот на времето се појави во светот на мобилните телефони се појави и Самсунг кој за разлика од Епл кој си ја тераше својата филозофија на еден телефон, вадеше секакви телефони, со секакви екрани и за секого. Андроидот никогаш не успеа да го достигне питомиот изглед на IOS оперативниот систем, но со тек на време Галакси и тоа како му нанесе тежок удар на Ајфонот. Поголемиот екран и новата опција за давање команди со мафтање со рака. Сега веќе Ајфонот почнува да заостанува и не делува како премиум модел каков што сака Џобс секогаш сакал да биде. Згора на сето ова и веќе погребаниот Блекбери извади нов модел кој имаше сосема коректна промоција на пазарот пред некое време.
Денеска сите се прашуваат што би направил Џобс. Дали би продолжил да си го тера неговиот филм или веќе би имал спремен одговор. Веројатно негов најголем страв е Епл да стане следач. Компанијата секогаш била лидер, нешто што Џобс не би посакувал е да биде следач.
Времето ќе покаже која тактика ќе ја одбере Тим Кук, наследникот на Џобс и кралот на организацијата на работењето на Епл во логистички смисол. Како и обично се покажува дека ако си добар за една работа, не можеш да бидеш добар за сите. Така делува барем засега иако сеуште никој не може да го отпише Кук.
Битката на пазарот на паметни телфони веројатно допрва ќе се разгорува. Ситуацијата денеска е таква да Самсунг драматично води (да не заборавиме дека Самсунг има повеќе модели, а Епл само еден), но крајот не дојден ни оддалеку. Да се надеваме дека најголем ќар од оваа битка ќе имаат корисниците.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





