22 Октомври, 2024
0.0307

Самсунг донесува светски уметнички дела на Д Фрејм во соработка со Метрополитан музејот за уметност

Од Ван Гог до древниот Египет, корисниците на Самсунг Арт Стор можат да бираат меѓу 38 познати дела.

Објавено во: Мои пари 15 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс денес објави дека, во соработка со Метрополитен музејот за уметност во Њујорк, некои од најзначајните дела кои ги поседува овој музеј, ги донесува на Д Фрејм (The Frame). Селектираните скапоцени уметнички дела ќе бидат откриени денес на платформата Самсунг Арт Стор¹ која ќе им овозможува на корисниците на The Frame секој простор да го трансформираат прикажувајќи повеќе од 2300 уметнички дела, вклучително и дела од најзначајните уметници, музеи и креатори на вкусови во уметничката индустријата.

Корисниците на Самсунг Арт Стор платформата можат да бираат меѓу 38 дела од широкиот спектар на кураторски оддели кои се наоѓаат во Мет и ги вклучуваат американската, азиската, египетската уметност, европското сликарство, исламската уметност и други. Понудата опфаќа дигитални репродукции со висока резолуција на ценети уметнички дела настанати низ културите и вековите кои се сместени во Мет.

Избраните дела ги селектираше кураторката на Самсунг Art Store платформата Дарија Грин.

Во понудата се дигитални репродукции со висока резолуција на познати уметнички дела од различни култури и периоди. Избраните дела во моментов се изложени во Мет во Њујорк.

Корисниците на Самсунг Art Store платформата можат да ги прикажат омилените уметнички дела во својот дом, меѓу кои се Балетска проба на сцена на Едгар Дега (околу 1874), Сончогледи на Винсент Ван Гог (1887), Мртва природа со јаболки и саксија со јагорчевина на Пол Сезан (околу 1890) и Парада на Жорж Сера (1887-88).

Сопствениците на телевизори од линијата The Frame исто така можат да прикажат древни артефакти како што се египетската амајлија² со окото на Хорус (околу 1070-664 п.н.е) и средновековно богатство вклучително и Заробениот еднорог (1495-1505), познатата француска и јужнохоландска таписерија од серијата Лов на еднорог. Познати јапонски уметнички дела, како што се Под мостот на Манен во Фукагава на Кацшика Хокусај (околу 1830-32) и Концизна илустрирана биографија на монахот Ничирен: смирување на олујно море во Цунода во егзил на островот Судо на Утагава Кунијошиј (1835-36), исто така може да се прикажува на The Frame ТВ уредите. Во колекцијата се и неколку значајни американски уметнички дека како што се Џорџ Вашингот поминува преку реката Делавер на Емануел Лојце (1851).

„Мет од своето основање во 1870 година е посветен на воведување на уметности и култури од секојдневниот живот на посетителите и љубителители на уметноста во светот“, изјави Џош Ром, директор за глобално лиценцирање и партнерство во Мет. „Нашата соработка со компанијата Самсунг ја активира оваа мисија на нов и модерен начин и им овозможува на корисниците во својот дом да уживаат во познатите дела од колекцијата на Мет. Корисниците во рамки на оваа програма ја истражуваат колекцијата и бираат дела за прикажување, што ќе покрене нов дијалог за уметноста, креативноста и технологијата“.

Целта на Мет е преку своите колекции да ги претстави новите идеи и неочекувани врски низ времето и културата совршено се вклопува во соработката со Самсунг  Art Store платформата, една од најголемите дигитални платформи од овој вид. Со прикажувањето на уметноста од музејот и галиеријата низ светот  на корисниците на  The Frame ТВ уредите во 42 земји, Самсунг  Арт Стор платформата ја истражува уметноста низ, од старите мајстори како што се Ботичели,Леонардо, Гоја и Ван Гог до современи уметници како што е Шуник Смит и многу други низ разновидните месечни програми.

„Самсунг Арт Стор платформата има чест во соработка со Музејот за уметност Метрополитен да ги внесе светските познати уметнички дека во милиони домови ширум светот“, рече Санг Ким, извршниот потпретседател и генерален менаџер за услуги за Северна Америка во компанијата Самсун Електроникс. „Ние во Самсунг постојано работиме на редефинирање на искуствата на забава низ технолошки иновации и драго ни е што сме партнери на толку позната институција со цел на корисниците да им овозможиме по прв пат да уживаат во културното богатство на Мет преку модерното дигитално платно од удобноста на својот дом.“

Самсунг Арт Стор платформата е достапна ексклузивно на Самсунг „The Frame'' 4K Smart ТВ уредите со милијарди нијанси на бои и рамка која дава живописна ТВ слика верна на стварноста кога станува збор и за уметнички дела. Мат екранот значително ја намалува рефлексијата на светлината за приказ како на платно - што го прави совршен за приказ на дигиталната колекција со Самсунг Арт Стор платофрмата со приватни фотографиии и уметничи дела. Корисниците имаат можност да бираат меѓу различни рамки на ТВ уреди со цел да го прилагодат својот простор и можат да го претворат тенкиот ѕиден носач во нов авторотирачки ѕиден носач³ за вертикално и хоризонтално прикажување на содржините со цел сите уметнички дека да можат да се гледаат точно онака како што би сакал уметникот.

За Мет

Музејот на уметност Метрополитен во 1870 години го основала амаериканска група на граѓани - вработени лица и финансиери, како и водечки уметници и филозофи од тој период, кои сакале да основаат музеј со цел уметноста и уметничкото образование да се доближи до американскиот народ. Мат денес изложува над десетици илјади предмети кои покриваат 5000 години уметнот од целиот свет, со цел секој да може да ужива во нив. Музејот е смесет на две познати локации во Њујорк - на Пета авенија и во Музејот Клајстерс.

Милиони луѓе исто така учесуваат во доживувањето на Мет онлајн. Од своето основање, Мет отсекогаш тежи да биде повеќе од ризница на ретки и убави предмети. Уметноста секојдневно се оживува во галериите на Музејот и на изложбите и настаните, претставувајќи нови идеи и неочекувани врсни низ времето и културата.

За платформата Самсунг Арт Стор

Самсунг Арт Стор, најголемата уметничка платформа на ТВ уредите во светот, им овозможува на корисниците на Самсунг The Frame телевизорите непрекинато да го трансформираат кој било простор со над 2300 дела на дигитална уметност од повеќе од 800 уметници во партнерство со светски познати музеи, галерии и водечки уметнички платформи за е-трговија. Самсунг Арт Стор внималтено бира дигитални уметнички колекции кои одговараат на сечиј вкус, од дела инспирирани од празници до слики на стари мајстори како што се Ботичели и Леонардо, познати уметници како Дали и Ван Гог и современи уметници меѓу кои се Коди Коб, Сај Вулфок и Шиник Смит.

¹Претплата на платформата Арт Стор по корисник изнесува 4,99 долари месечно или 49,90 долари годишно.
²Древна египетска амалија која го претставува заздравеното око на Хорус, древниот бог на Египет. Окото е често опишувано како преминување од човечко око во око на сокол.
³Авторотирачкиот ѕиден носач се продава посебно и е компатибилен со моделите на телевизори од линијата The Frame со величина на екраните од 43, 50, 55 i 65 инчи za 2022-2023 година.


 За компанијата Samsung Electronics:

Samsung го инспирира светот и обликува иднина со идеи и технологии кои носат трансформација. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, паметните телефони, преносливите уреди, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморијата, ЛСИ системите, лиените и ЛЕД решенијата. За најновите вести посетета ја Самсунг страницата: http://news.samsung.com.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

ЕДУКАТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“ СТИГНАА ДО ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

ЕДУКАТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА „ЗАСАДИ ЖЕЛБА“ СТИГНАА ДО ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

Прва конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Back to business - Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“

Прва конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Back to business - Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“

IQOS караванот на нова локација, во Куманово

IQOS караванот на нова локација, во Куманово

Започнува „ProBiz Superpowers“ серијалот на настани за млади претприемачи на ПроКредит Банка и ЕБОР

Започнува „ProBiz Superpowers“ серијалот на настани за млади претприемачи на ПроКредит Банка и ЕБОР

Премиум исто како тебе! Нова Mastercard World Debit картичка од УНИБанка АД Скопје

Премиум исто како тебе! Нова Mastercard World Debit картичка од УНИБанка АД Скопје

Grand Casino Admiral најавува нова возбудлива соработка со Елена Вукановска

Grand Casino Admiral најавува нова возбудлива соработка со Елена Вукановска

ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД ДВА МИЛИОНИ, ИЗГРАДИ ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД ДВА МИЛИОНИ, ИЗГРАДИ ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

„Гранд Скопје“: Со продажбата на станови во Grand View започнува новото резиденцијало поглавје на мултинаменскиот комплекс во срцето на градот

„Гранд Скопје“: Со продажбата на станови во Grand View започнува новото резиденцијало поглавје на мултинаменскиот комплекс во срцето на градот