Samsung го претстави новиот Galaxy Core Lite
Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2014
Компанијата Samsung денеска го претстави смартфонот наречен Galaxy Core Lite. Телефонот е претставен на посебен настан во Тајван и ќе биде во продажба на тамошниот пазар веќе од овој месец по цена од 260 долари.
Galaxy Core Lite се одликува со 4,7 инчен екран со резолуција од 480 x 800 пиксели како и Android 4.3 Jelly Bean платформа но се планира ажурирање на Android 4.4. Што се однесува на хардверот, смартфонот доаѓа со 1,2 GHz quad-core Snapdragon 400 процесор, 1 GB RAM меморија, 8 GB интернет меморија, камера со 5 мегапискели, Wi-Fi, Bluetooth, NFC како и со батерија од 2000 mAh.