05 Мај, 2024
0.0453

Новиот таблет од Galaxy технологијата е најдобриот уред во својата класа

Самсунг го претстави новиот Galaxy Tab S3 кој нуди врвно искуство во забавата и работата во движење

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг (Samsung) денес на Светскиот Конгрес за Мобилна Технологија во Барселона го претстави Samsung Galaxy Tab S3, новиот таблет со елегантен дизајн и напредна технологија, кој овозможува врвно искуство во работата во движење. За обожавателите на дигиталните содржини, Galaxy Tab S3 нуди врвно уживање во видео снимките и игрите како и многу други функционалности кои ги обезбедува Galaxy технологијата. Новиот Tab S3 пристигнува со:

  • Видео содржина во HDR (High Dynamic Range) квалитет: Супер AMOLED екранот поддржува видео снимки во HDR квалитет (10битни бои), за реалистични бои и живописна дигитална содржина.

  • Samsung Flow: Оваа технологија овозможува непречена работа во движење. За безбедно и сигурно пријавување на системот, Samsung Flow користи биометриска идентификација за пријавување на корисникот и обезбедува пристап на мрежата со сите компитабилни уреди, како и пренос на документи од мобилни уреди на таблет. Исто така, врши и синхронизација на пораките и известувањата што е гаранција дека корисниците никогаш нема да пропуштат важна порака, без разлика дали моментално користат “паметен” телефин или таблет.

  • Напредно S Пенкало: За природно чувство на пишување, S Пенкалото има0,7 mm потенок врв и напредна чувствителност на притисок. Ова пенкало ги опфаќа практичните функции, како што се Screen Off Memo за брзо запишување на кратки белешки кога е исклучен екранот, PDF Annotationфункција за едноставна измена на PDF документи и цртање на професионално ниво, со помош на напредната алатка за цртање - Advanced Drawing Tools.

 Овој таблет уред ја наследил иновативната Galaxy технологија на Самсунг, вклучувајќи ја и задната камера од 13 мегапиксели со авто-фокус и предна камера од 5 мегапиксели за висококвалитетни фотографии. Tab S3 овозможува и проширување на капацитетот за сочувување на податоците, поддржува брзо полнење, а овозможува и до 12 часовна репродукција на видео материјали.

Посветени сме на поместување на постоечките граници на искуството во користењето на компјутерите, така што обезбедуваме производи кои се најдобри во својата класа и кои ги задоволуваат различните потреби и барања на нашите корисници. Без оглед на тоа дали потрошувачот е во потрага по одлична забава или уживање во дигитални содржини, или пак бара повеќенаменски уред кој ја помага и зголемува продуктивноста за работа и учење, нашата палета на таблет уреди е изработена на база на врвна технологија и е дизајнирана за да можат корисниците да ја носат секаде со себе." – изјави ДЈ Кох, Претседател на Дивизијата за Мобилна Комуникација, Самсунг Електроникс.


Samsung Galaxy Tab S3 носи едно потполно ново ниво на забава во движење, обезбедувајќи уживање во видео содржините, наликувајќи на оние во кината – со репродукција на содржините во 4К квалитет. Покрај тоа, Galaxy Tab S3 е првиот таблет на Самсунг кој се одликува квад-стерео звучници, кои донесуваат супериорен квалитет на звукот. Со партнерствата со компании од индустријата за видео содржини, како што е Амазон, корисниците може да уживаат во моменталниот пристап до оригинални HDR видео содржини.

Оптимизиран за играње игри, Galaxy Tab S3 вклучува Vulkan API, кој овозможува супериорна графика, како и функција за покренување на играта, Game Launcher, која носи напреден кориснички интерфејс и уживање во видео игрите – целосно прилагодено индивидуално на секој корисник. Таблетот овозможува и различни програми на работа – на пример:Do Not Disturb ("Не Вознемирувај") – за уживање во игрите без прекинување. Без оглед на тоа дали корисникот ужива во филмски маратон или во својата омилена игра, Galaxy Tab S3 може да ги замени системите за играње игри, телевизорите и десктоп компјутерите – се спакувано на префинет и потполно пренослив дизајн.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото