„Samsung“ платиле 250 милиони долари за платформата „LoopPay“
Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2015 19:54
Моделите Galaxy S6 донесоа драстични промени во дизајнот и хардверските можности, но освен тоа станаа пионери во однос на мобилниот сервис за пкаќање Samsung Pay која е со амбиции да стане лидер во оваа индустрија.
Со купување на платформата „LoopPay“, Samsung добија технологија која им овозможува вршење на мобилни плаќања на ист начин на кој тоа се прави со тековните картички со магнетна лента и трговците не морале да ги заменуваат системите, како што треба да го прават тоа за Apple Pay.
Колку сепак платиле Samsung за шанса веднаш да станат конкуренти во оваа ниша на пазарот?
Осврнувајќи се на бројни доверливи извори, Recode истакнува дека цената била барем 250 милиони долари - и очигледно тоа е сериозен поттик Корејската компанија да го активира системот што е можно побрзо.
Пилот програма на Samsung Pay се очекува да биде лансирана во САД во втората половина на оваа година и потоа да навлегува и во други земји.
Според изворите на сајтот, процентот за Samsung од сите трансакции ќе биде многу помал отколку на Apple, PayPal и други активни фирмиво индустријата на мобилни плаќања .
Ова, во комбинација со фактот дека трговците не морале да прават ништо за да започнат со користење на Samsung Pay, ќе придонесе за растот на популарноста нејзина.
Единствениот сериозен нејзин недостаток сепак е нејзиното ограничено одржување во Smartphones - за сега таа може да се користи единствено од носителите на „Samsung Galaxy S6“ и „S6 Edge“.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




