„Сандеј тајмс“: Русија и Кина се инфилтрирале во тајните информации зачувани од Едвард Сноуден
Објавено во: Свет 14 Јуни, 2015 13:46
Русија и Кина успеале да добијат пристап до шифрираните разузнавачки информации, изнесени од Националната агенција за безбедност на САД (NSA) од страна на Едвард Сноуден, на која тој се уште не е направен јавниот домен, обајви „Сандеј тајмс“.
Поради ова британската разузнавачка служба „МИ6“ била принудена да ги повлече своите агенти од операциите во непријателските земји, вели неименуван претставник од британското Министерство за внатрешни работи за весникот.
Во документите на Сноуден во кои успеале да навлезат Русија и Кина, имало детали за тајни разузнавачки техники кои би дозволиле да бидат идентификувани британски и американски шпиони, дополнува весникот „Сандеј тајмс“.
Портпаролот на кабинетот на Дејвид Камерон одбил да ги коментира овие информации.Сноуден доби азил во Русија во 2013 година, тогаш рускиот претседател Владимир Путин инсистираше на тоа дека тој треба да престане да шири информации од низата на „NSA“. САД побараа екстрадиција на Сноуден, за да го осудат за шпионажа.
Документите кои Сноуден ги украл и дел од кои ги шири, покажаа степен на американските програми за телефонско и интернет следење и доведоа до нивно реформирање во САД.
Повеќето од над 1 милиони документи кои Сноуден ги чува од времето кога бил вработен на американската Агенција за национална безбедност, се уште не се објавени на интернет.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




