23 Јануари, 2025
0.0289

Сања Богатиновска: Граѓанскиот сектор е коректив, а не закана за власта

Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Граѓанскиот сектор е еден од трите столба на секое демократско општество и неговата  улога  e да биде коректив на секоја власт, притоа водејќи се според демократски вредности и принципи. Нападите од страна на движењето Стоп операција Сорос врз работата на невладиниот сектор преставуваат обид на досегашната власт за субверзија и инфилтрација во граѓанскиот сектор и поткопување на независното граѓанско општество од внатре – вели за Фактор, Сања Богатиновска од Здружението Млади Европски Федералисти - ЏЕФ Македонија. Оттука новоформираното движење,  вели влегува во борба против слободоумното граѓанство и критичката маса.

“Оваа таканаречена граѓанска иницијатива СОС во досегашно  јавно дејствување на никој начин не покажа дека во своето работење е водена од демократски вредности и принципи. И секако, имајќи ја предвид констелацијата на силите во нашето општество, повеќе од очигледно е дека СОС, како и претходно ГДОМ и многубројни помали „граѓански“ иницијативи во меѓувреме, станува повеќе од очигледно дека се работи за борба против слободоумното граѓанство и критичката маса. ЏЕФ Македонија најостро ги осуди сите невистини искажани од страна на движењето „Стоп Операција Сорос“  и ги отфрли  во целост како неточни, непрофесионални, нечесни и малициозни лаги наменети за наштетување на угледот и чесноста на работата на ЏЕФ Македонија, членовите и на целокупната европска мрежа на национални секции”- додава Богатиновска.

Нејзината организација вели работи на остварување на своите цели кои се во согласност со статутот на ЏЕФ Македонија, а кои пак и по закон мора да бидат во согласност со Уставот, Законот за здруженија и фондации и позитивното право. А следствено на тоа според неа  јасно е дека ниту една граѓанска организација не би постоела доколку вистински работи спротивно од Уставот и законите на Република Македонија.

“Како пример го наведувам проектот EuropeTalks, повеќе познат на македонската јавност како #ЏЕФдебата, реализиран во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје од 2014 година има за цел промоција на демократијата и придонес кон развојот на култура на дебатирање во Македонија и аргументирани дискусии помеѓу луѓе со различни мислења. На секоја една од овие дебати, кои ги организираме 4-6 пати годишно на контроверзни теми, панелистите секогаш претставуваат различни ставови кои во текот на дебатите се судруваат и доведуваат до водење конструктивна дискусија. И самиот г-дин Чилиманов беше своевремено потенцијален гостин за дебата, но за жал, откажа во последен момент”- објаснува Богатиновска.

Острата и пред се обвинувачка реторика на новоформираното движење вели е обид за закана за демократските вредности на глобално ниво. Дали истата претставува вовед кон нова криза, според неа зависи од начинот на кој самото слободоумно граѓанско општество ќе се справи со ваквиот удар, но и од успешноста на обидите на владата  во воспоставување механизми за контрола на граѓанското општество кое е критички настроено кон истите.

Според истражувањата  на македонските  граѓански организации поврзани со финансирање на граѓанските организации, најмногу 10% од вкупниот прилив на финансиски средства во целокупниот граѓански сектор, кој заклучно со 2014 година брои 4156 граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и донации, се средства од страна на Фондацијата, останатите 90% се финансиски средства од други извори. Оттаму, вели Богатиновска, нелогично е да се зборува за монополизација на граѓанскиот сектор и воспоставување тоталитарно едноумие од страна на Фондацијата отворено општество.

“Сите директно засегнати граѓански организации се заинтересирани за начинот на кој е направено истражувањето и начинот на кој се собрани податоците за финансиското работење на граѓанските организации за 2016 година. Со оглед на тоа дека станува збор за финансиска година за која сѐ уште не се доставени завршни сметки, постојат индикации за евентална злоупотреба на информации кои ги поседуваат надлежни државни институции. Сумите кои што се прикажани не се точни, буџетот на ЏЕФ Македонија за 2 години - 2015 и 2016 вкупно, е приближен до бројката која што СОС ја презентира како сума на пари што биле добиени само од ФООМ. ЏЕФ Македонија има одлична соработка со ФООМ но и со други граѓански организации и донатори, и средствата кои што ги добива се строго наменски за имплементација на проекти врз основа на претходно изготвена проектна документација што следствено значи дека не сме користеле средства за политички кампањи на СДСМ, за исполнување агенди диктирани од Џорџ Сорос или по наредба на Фондацијата Отворено Општество”- тврди претседателката на здружението  ЏЕФ Македонија.

Заканите против граѓанските организации, иницијативи и активисти  според неа се интензивирани во период пред и по предвремените парламентарни избори, што беше поттикнато и преку  засилената  инспекциска контрола на 20-тина граѓански организации.

“Дотолку повеќе, самиот Груевски во прогласот на неговата партија директно им се закани на непослушните граѓански организации и активисти и најави десоросоизација на Македонија и регулација на финансирањето на граѓанскиот сектор. И конечно, додека СОС како формација која постои од декември 2016 година, се занимава со „десоросоизацијата“ која ја најави Груевски, одредени државни институции (одделението за организиран криминал) водат предистражна постапка за незаконско финансирање на изборниот процес против повеќе граѓански организации”- потенцира Богатиновска.

Досегашните реакции вели ја потврдуваат теоријата дека на одредени партиски структури контонуирано им е потребен „непријател“ кого би го обвиниле за своите неуспеси, кои после 10 години владеење се очигледни на сите граѓани во државава. Низ партиската реторика според неа веќе со години наназад се забележува „дежурен непријател“ во наративот, но заедничко во таа реторика како што вели е што секогаш „дежурниот непријател“ е од странство, по можност непознат или мистериозен за македонскиот граѓанин.

Од Здружението на Млади Европски Федералисти побараа јавно извинување  за како што велат јавно искажаните лаги и клевети од  страна на движењето Стоп Операција Сорос. Во спротивно велат правдата ќе ја бараат  на суд преку тужба за навреда и клевета.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот