САНКЦИИ: Кој ќе биде на црната листа на ЕУ и што понатаму?
Објавено во: Македонија 26 Март, 2017 19:15
Малинка Ристеска Јорднаова од Институтот за Европска политика и Арсим Зеколи поранешен амбасадор за Фактор ги анализираат најавите за можно воведување санкции кон Македонија.
АКО ПОЛИТИКАТА НЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ ТОГАШ СЕ ПРЕМИНУВА КОН САНКЦИИ
„Македонија може реално да се соочи со санкции на ЕУ - и тоа најверојатно кон поединци, не кон државата, како што се чита од изјавите на претставниците на ЕУ. Во секој случај лошо би било да се санкции кон државата. Пораката ќе биде јасна само ако е упатена кон поединци. Кон санкции ЕУ прибегнува само кога политичките средства веќе не успеваат, зашто заканата од санкции е поефективна од самата санкција. Сосема од поодамна е јасно дека кликата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со поранешниот премиер целосно ја оддалечува земјата од НАТО и ЕУ, за да избегне кривична одговорност. ЕУ не ги препозна навреме опасностите во Македонија. Сега конечно и европската конзервативна партија му го сврте грбот на Груевски. Неговата политичка потпора во ЕУ е сега минимална“, вели Малинка Ристеска Јорданова од Институтот за Европската политика.
Поранешниот амбасадор и аналитичар Арсим Зеколи смета дека најавите за санкцци кон Македонија се само дел од пакетот на таканаречени конфликт превентивни предупредувања упатени кон актерите во кризата.
ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ Е МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ
„Неодамнешното вклучување на Милорад Додик на црната листа на САД упатува на тоа дека западот е спремен да превзема санкции, но со ограничен ефект. Би потсетил дека во Унијата веќе има разногласие за ефективноста на санкциите кон Русија, и притоа би укажал на иксуството со Белорусија кога една земја членка – Словенија – се закани со блокирање на санкциите против Лукашенко доколку не се изземе еден од финансиерите на режимот во Минск со лица од Словенија имале склучено договор за изградба на трговски центар. Верувам, сепак, дека добар дел од земји членки на ЕУ се спремни да изгласаат санкции, но тоа отвара две дилеми. Првото е дали тие санкции би биле подржани, или пак блокирани од земјите на Вишеградската група, значи Унгарија, Словакија, Австрија кои се отворено наклонети кон режимот на Груевски и не сакаат промена на власта кај нас.
Втората дилема е уште поважна а се однесува на тоа кон кого конкретно би биле воспоставени таквите санкции – кон институции или пак индивидуи. Доколку е кон институции, во смисла на партии, тоа би имало ефект во смисла на нивно исклучување од сите форуми и соработки и долгорочна стигматизација. Доколку е кон индивидуи, се наметнува прашањето каков ќе биде изборот на лицата кон кои ќе се применуваат.
Поточно, доколку санкциите бидат превземено единствено кон ВМРО-ДПМНЕ а не и кон ДУИ – институционално и индивидуално – тоа ќе предизвика поголема штета отколку корист, од проста причина што ДПМНЕ тоа ќе го спинува во правец на нивно толкување како селективна казнена политика со која западот наводно ги казнува Македонците а ги штеди Албанците. Со обзир што досега западот отворено ги премолчуваше и криеше криминалите на ДУИ, нема причина за сомнеж дека тој приод ќе биде употребен и во случај на наметнување санкции. И со тоа дополнително ја отежнат состојбата и продлабочат недовербата“, објаснува Арсим Зеколи.
Горазд ЧОМОВСКИ
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




