17 Декември, 2025
0.1170

Сарачини: Хрватската компанија „Ѓуро Ѓаковиќ“ е најзаинтересирана да инвестира во Еурокомпозит

Објавено во: Економија 11 Јули, 2013 14:22

Добивај вести на Viber

Хрватската компанија „Ѓуро Ѓаковиќ“ е најзаинтересирана да инвестира во Еурокомпозит, а за ОХИС долго време се обидуваме да најдеме заеднички интерес со двајца инвеститори, еден од Бугарија и еден од Германија, најави денеска министерот за економија Ваљон Cарачини.

- Еурокомпозит од Прилеп моментално е најблиску до решение на статусот од сите четири загубари, бидејќи ситуацијата внатре е малку постабилна во однос на другите. Веќе сме многу блиску да се договориме во однос на тендерската документација и условите кои ние ги нудиме и кои тие ги бараат. Очекувам дека во наредниот период ќе успееме да објавиме тендер кој ќе биде усогласен со неколку инвеститори со цел конечно да ги решиме прашањата кои се отворени со загубарите - изјави Сарачини, одговарајќи на прашање по средбата со претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски во просториите на Заедницата.

Тој појасни дека во Министерството за економија веќе е направен акциски план за сите четири загубари и дека скоро секоја недела има средби со различни инвеститори на кои, како што рече, се разговара за сите загубари.

- За денеска немам закажано средба со инвеститор од Германија заинтересиран за ОХИС - прецизира Сарачини.

Можеби ќе ве интересира

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар