17 Декември, 2025
0.0979

Сарачини на средба со претставници на канадската компанија „Резервоар Минералс“

Објавено во: Економија 25 Јули, 2013 14:21

Добивај вести на Viber

Министерот за економија, Ваљон Сарачини, денеска, на средба со претставници на канадската компанија „Резервоар Минералс“, Данкан Ларџ и Даниела Бомбај, ги презентираше поволните услови за инвестирање во секторот на минерални суровини, особено за металните минерални суровини, бакар, злато, сребро, олово, цинк, како и можните наоѓалишта во Македонија, информираа од ресорното Министерство. Сарачини посочил дека, како дел од активностите за создавање поволна клима за инвеститорите, се и измените на Законот за минерални суровини, притоа потенцирајќи дека сите законски измени што се прават произлегуваат од потребата на реалниот сектор. Претставниците на канадската компанија биле информирани дека во постапка се и два јавни огласа за доделување концесии и тоа, еден за концесија за експлоатација на термоминерална вода на две локации и вториот, за концесии за детални геолошки истражувања на 29 локации. „Во континуитет работиме на подобрување на бизнис климата и условите за работа, еднакво за домашните и странските компании, со цел поголем економски развој на Република Македонија и отворање нови работни места“ - истакнал министерот Сарачини.  

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас