29 Септември, 2024
0.0257

Сарачини најавува – инспекторите излегуваат да проверат кој крши потрошувачки права!

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Засилени инспекциски контроли, особено во малопродажбата и јавните услуги, најавува министерот за економија Ваљон Сарачини со цел да се заштитат правата на потрошувачите. Претставките кај Народниот правобранител, во Организацијата за заштита на потрошувачи и во Државниот пазарен инспекторат покажале дека ова се најкритичните точки каде што најчесто се кршат потрошувачките права. Сарачини денеска на средба со претседателката на Организацијата за заштита на потрошувачи Маријана Лончар - Велкова, најави дека наскоро ќе се формира и нов, проширен Совет за заштита на потрошувачи, кој треба да овозможи поголемо почитување на овие права согласно закон. Бројките укажуваат дека најголем број на претставки, барања за совети и забелешки од потрошувачите се во областа на јавни услуги (електронски и телекомуникациските услуги, меѓу кои фиксна и мобилна телефонија, кабелска телевизија и интернет услуги), топлинска енергија, електрична енергија, комунални услуги (испорака на вода, подигање на смет и сл.). Во делот на малопродажбата поплаките се однесуваат конкретно на гаранциите на производите и сервисирање, декларација, несоодветно означување на попустите – распродажбите и неквалитетен производ. Според Извештајот на Народниот правобранител, потрошувачките права се на второ место како критична област за која граѓаните побарале заштита, а според податоците на Организацијата, во 2013 година стигнале дури 2.621 претставка од страна на потрошувачите, од кои најголем број се однесуваат во доменот на општоправните советувања во делот на јавните услуги. Државниот пазарен инспекторат во текот на минатата година извршил 2.734 редовни, 337 контролни и 105 вонредни инспекциски надзори по Законот за заштита на потрошувачи, при што за утврдени неправилности поднесени се 34 барања за поведување на прекршочна постапка до надлежни основни судови и 64 барања до прекршочната комисија. Донесени се 53 решенија во управна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија