06 Октомври, 2024
0.0333

Сарачини очекува извоз од ТИРЗ Тетово во септември

Објавено во: Економија 23 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Очекувам дека многу скоро подготвителните работи во зоната кај Тетово да бидат завршени и во септември оттука да се реализира и првиот извоз, порача Mинистерот за економија Ваљон Сарачини при посетата на термоелектроцентралата на биогас во село Требош и технолошко индустриската зона во Тетово каде беше заедно со заменик директорот на технолошки индустриски развојно зони (ТИРЗ) Асип Усеини и директорот на Стопанска комора на северозападна Македонија Арбен Халили,. -          На изградбата на внатрешната инфраструктура и административниот објект во моментот се ангажирани околу 60 лица се со цел инвеститорите да имааат што подобри услови и потребната логистика, изјави Сарачини. Ова е еден од капиталните проекти на Владата на Република Македонија, со кој се создаваат услови за структурни промени на економијата во регионот, а и за нови работни места. - Зоната  се гради преку јавно приватно партнерство и за неколку години треба да се вложат 7 милиони евра, со што ТИРЗ Тетово ќе стане значаен  инпут во економскиот развој на регионот, истакна Сарачини. Дирекцијата на ТИРЗ со сопствени средства работи на изградбата и подобрувањето на надворешната инфраструктура на зоната кај Тетово, а приватна компанија работи на внатрешната инфратруктура. Извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија Арбен Халили очекува оти многу скоро ќе бидат поставени камен темелници на повеќе фирми во тетовската ТИРЗ. Пред посетата на ТИРЗ Тетово министерот Сарачини беше во посета и на селото Требош каде во завршна фаза е изградбата на централата за производство на енергија од биогас. - Оваа приватна инвестиција  е со вредност од околу 6 милиони евра и според најавите на сопствениците централата треба да биде готова до септември. Во моментот се анагажирани околу 100 лица и со нејзиното пуштање во функција ќе бидат анагажирани дополнителни 30 нови работници. Ова е прва ваква централа на биогас во Македонија што е пример што и останатите треба да го следат, рече Сарачини. Оваа термоелектроцентралата на биогас ќе биде прв ваков проект не само во Македонија, туку и пошироко, со што Република Македонија на некој начин станува лидер во регионот за производство на електрична енергија од обновливи извори. Електричната енергија ќе се добива со искористување на биогас. Со неа од  органските отпадоци од фармата ќе се овозможи производство на 1 мегават електрична енергија на час. Термоелектроцентралата на биогас ќе има двојна функција бидејќи, од една страна ќе овозможи природниот отпад од фарма за кокошки да се преработи во централата и со тоа да се придонесе кон подобро зачувување на природната средина, а од друга страна да се произведе електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип