Сарачини спречи трговска војна со Косово, примирјето ќе важи три месеци!
Објавено во: Економија 26 Јуни, 2013
Косово во наредните три месеци на македонските камионџии нема да им наплаќа административна такса за добивање патни дозволи. Ваков договор следува откако македонските власти јасно укажале дека се подготвени да воведат реципрочна мерка за косовските транспортери. По ова,двете страни се договориле во следните три месеци да најдат начин како да ги усогласат ставовите.
Сепак, неизвесно е како проблемот ќе се надмине и по истекот на тие три месеци со оглед дека двете страни не отстапуваат од своите цврсти позиции, кои се крајно спротивставени. Косово бара да се воведат дозволи за превоз за трети земји, додека пак, Македонија бара превозот да биде либерализиран и да нема дозволи. Ако, не успеат да ги усогласат ставоите тогаш Косово најавува дека ќе почне повторно да им наплаќа на македонските транспортери, но и Македонија најавува дека во таков случај ќе воведе реципрочни мерки за косовските транспортери.
Владини извори за Фактор велат дека во понеделникот на владина седница била избегната можноста за почеток на трговска војна меѓу двете земји, со оглед дека на маса се ставила опцијата земјава веднаш да ги воведе истите давачки за транспортерите од Косово. Сепак, по реакцијата на министерот за економија Ваљон Сараќини кај косовските власти, добиен е дополнителен рок од три месеци за усогласување на ставовите на двете страни.
„Воведувањето на дозволи за превоз во трети земји ќе биде чекор назад. Цела Европска Унија нема дозволи и Македонија во сите преговори со земјите бара либерализиран пазар, а такви договори веќе има со десетина земји“, велат владини извори за Фактор
Доколку таксите сепак се воведат македонските транспортери велат дека тие ќе бидат принудени сумата што ќе ја плаќаат како износ за таксата за патна дозвола да го вметнат во цената на превозот, со тоа ќе биде повисока и крајната цена на производите што се увезуваат во Косово.
На воведувањето на административните такси за транспортерите реагираа и косовските невладини организации. Тие посочија дека владината одлука е на штета на потрошувачите на Косово и обвинја дека косовската влада планира да го полни буџетот на сметка на граѓаните. Невалдините организации во косово предупредија и дека таквата одлука на властите ќе доведе до нов бран на поскапување на храната и дригите непрехранбените производи, бидејќи увозот во Косово главно се реализира од Македонија и од Србија чии транспортери беа воведени истите давачки.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.