26 Ноември, 2024
0.0305

Сараќини договори проекти за енергетика,гасификација и инфраструктура со Унгарија

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Претставувањето на можностите за инвестирање во Македонија и конкретизирање на проектите од заемен интерес во директна комуникација беше целта на првата седница на Мешовититот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија што денеска се одржа во Будимпешта, а со која копретседаваа министерот за економија Ваљон Сарќини и  Петер Сијарто, државен министер за надворешна политика и надворешна трговија во Кабинетот на премиерот Виктор Орбан. Во Мешовитиот комитет има претставници од сите клучни институции кои имаат ингеренции во различни сфери од економијата на двете земји, а од македеонска страна во Будимпешта е присутна делегација од 25 члена, предводена од министерот Сараќини. -Разговаравме за зголемување на трговската размена и унгарски инвестиции во енергетиката, земјоделството, туризмот и минералните суровини. Беа разгледани битни проекти за гасификација, за изградба на патничка и железничка инфраструктура, за хидроцентрали. Договоривме во секоја област да има по минимум еден проект. По завршувањето на средбите предвидени за денеска и утре унгарската страна ќе ги информира нивните компании за можностите за инвестирање во Македонија и ќе им дадат рок до кога да дадат одговор, изјави министерот Сараќини по завршувањето на средбата. Договоривме, нагласи, кон крајот на мај унгарска делегација да дојде во Македонија заедно со неколку компании за да ги поврземе со нашите компании и заедно да поработиме за зголемување на трговската соработка и за конкретизирање на проектите за кои разговаравме денеска. -Зборувавме и за отворање директна авионска линија меѓу Скопје и Будимпешта од страна на Визер, како и организирање чартер летови од најголемиот унгарски туроператор кон Македонија, рече Сараќини. Деталите, додаде, ќе ги договорат четирите работни групи од двете земји кои имаат средби денеска и утре. Вкупната размена меѓу Македонија и Унгарија е со релативно мал обем и во последните години се движи  меѓу 54 и 58 милиони американски долари со константен дефицит од македонска страна. Во структурата на вкупната рамена на Македонија со светот Унгарија учествува со 0,5 до 0,6 отсто. Само 0,2 отсто од вкупниот извоз на Македонија во светот се реализира во Унгарија, додека од Унгарија се увезуваат 0,7 до 0,8 отсто од вкупниот број на стоки. Македонија најмногу во Унгарија извезува заварени цевки, џемови, овошни желеа, мармелади и згура, а најмногу увезува пченица, поливинил хлорид, бела техника и замрзнато свинско месо. Покриеноста на увозот со извоз во 2011 година изнесува 16,8, а во првите десет месеци од 2012 година 18,3 отсто.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија