16 Јуни, 2025
0.0285

„САУДИСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕКТОРИ СО ВИСОК ПРИОРИТЕТ - ПОПОВА ШАПКА КЛУЧЕН ПРОЕКТ“: Дурмиши по средбата со Алсакран од Саудиска Арабија

Објавено во: Економија 23 Мај, 2025 09:56

Добивај вести на Viber

Во рамките на Економскиот бизнис форум, регионален настан што се одржа во Сараево, министерот за економија Бесар Дурмиши, оствари билатерална средба со Неговата екселенција, Абдулазиз Алсакран, една од клучните личности во економската дипломатија на Кралството Саудиска Арабија, кој ја извршува функцијата заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија (GAFT).

- Оваа средба го означи еден од најзначајните моменти на форумот, отворајќи нови хоризонти на економска соработка и потврдувајќи ја активната позиција на Македонија, преку ВЛЕН, во градењето стратешки партнерства со најмоќните глобални економии - истакнуваат од партијата во соопштението испратено до медиумите.

Додаваат дека двете страни го потврдија својот заеднички интерес за зголемување на трговската размена, која моментално изнесува 44 милиони долари, со цел надминување на ова ниво преку заеднички иницијативи и конкретни развојни проекти.

- На состанокот беа разгледани повеќе прашања од стратешко значење, меѓу кои и организирање заеднички бизнис форуми и спроведување меѓусебни посети на економски делегации. 

Создавање услови за саудиски инвестиции во сектори со висок приоритет за економскиот развој на земјата, како што се земјоделството, туризмот и одржливата инфраструктура. 

Поддршка за развој на скијачкиот центар “Попова Шапка“ во Тетово, како клучен проект за промоција на планинскиот туризам и економскиот развој на Полошкиот регион. 

Поттикнување на халал сертификација на локалните производи, со цел зголемување на извозот и диверзификација на меѓународните пазари - соопштуваат од партијата. 

Од таму додаваат дека економијата на Македонија има значителен потенцијал, а со стратешки партнери како Саудиска Арабија, овој потенцијал може да се трансформира во конкретни проекти што ќе донесат развој, вработување и благосостојба за граѓаните.

- ВЛЕН останува посветен на градење одржливи мостови на меѓународна економска соработка, со јасна визија да донесе квалитетни инвестиции кои директно влијаат врз животот на граѓаните и рамномерниот развој на сите региони во земјата - заклучуваат на крајот од соопштението.

Можеби ќе ве интересира

РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Дали платината станува новото злато?

Дали платината станува новото злато?

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти