Савески: Да се изолира ВМРО-ДПМНЕ затоа што ќе ја уништи земјата
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016
Новата партија „Левица“ денеска предложи формирање експлицитен кордон околу ВМРО-ДПМНЕ за изолација на партијата.
Здравко Савески од „Левица“ кажа дека ако ВМРО-ДПМНЕ освои уште еден мандат, партијата ќе и зарие конечен нож на Македонија и ќе ја уништи земјата.
„Потребно е сите опозициски партии, вклучително и партиите од албанскиот блок да кажат експлицитно на јавноста и да потпишат заеднички меморандум, во која ќе кажат дека нема да учествуваат во влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ и нема да поддржат влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ. На таков начин, не само јавноста ќе има потранспарентна слика за позициите на сите политички партии учесници на изборите, туку и меѓународниот фактор ќе биде дестимулиран да прави некои постизборни комбинации кои ќе ја вклучат онаа партија која зад себе има оставено крупен криминал во оваа земја“- вели Савески.
„Левица“ ќе настапи самостојно на изборите закажани за 11 декември.