07 Октомври, 2024
0.0261

Савески: Зошто не им кажете на луѓето дека средната плата е пониска од 24.000 денари?

Објавено во: Македонија 27 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Активистот на Левица, Здравко Савески преку социјалните мрежи упати критика до, како што тој ги нарекува - фалбаџиите за просечната плата .

„До фалбаџиите дека просечната плата била 24.000 денари. Зошто не им кажете на луѓето дека просечната плата не е плата што ја примаат половина од граѓаните, туку просек од сите плати? И дека средната плата е значително пониска од 24.000 денари. И дека цели 27 години Заводот за статистика одбива да објави средна плата за да не предизвика револт кај граѓаните“, пишува Савески
Тој прашува зошто власта на граѓаните не им се разјасни дека просечната плата може да расте и во случај само кога растат платите на функционерите.

„Зошто не им кажете дека просечната плата може да расте и во случајот кога растат само највисоките плати? Ако платата на батето што зема 204.000 евра месечно (!) порасне на 250.000 евра, тогаш тоа ќе ја зголеми просечната плата без воопшто да се промени животниот стандард на граѓаните. И, пазете, во ваков случај средната плата ќе остане иста. Затоа, за да се добие поцелосна слика дали навистина се подобрува животниот стандард на граѓаните, многу е важно да се објавува и средната плата!“, стои во статусот на активистот на Левица

Тој ја критикува и одлуката за укинување на максималната основица за плаќање придонеси, додавајќи дека тоа беше едно од ветувањата.

„Одбивте да ја укинете максималната основица за плаќање придонеси. Иако тоа го ветивте. Па ултрабогатите уште се привилегирани во однос на сите нас. Ако постапевте како што ветивте, ќе дојдеше до повеќе буџетски средства, но и до намалување на просечната нето плата. Дали сега ние треба да земеме да славиме што буџетот е оштетен на сметка на прикажувањето повисок износ на просечната плата?“  напиша Здравко Савески на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил