26 Ноември, 2024
0.0405

СБ: Приватниот сектор во Македонија треба да отвара повеќе работни места

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Во Македонија треба да се создаваат повеќе работни места во приватниот сектор. Неопходна е нова динамика во создавањето продуктивни работни места  како двигател  на развојот, тоа е клучниот предизвик и за Македонија и за многу економии во светот. Ова се дел од ставовите кои денеска беа изнесени на дискусијата за Светскиот извештај за развој за 2013: Работни места на Светската банка, што се одржа денеска во Скопје. Јешко Хенчел, директор на секторот за човечки ресурси за  регионот на Јужна Азија во Светска банка, при презентацијата на извештајот укажа дека  во последните години во Македонија повеќето создадени нето работни места беа во земјоделството, јавниот сектор и во  малопродажниот сектор. „Релативно  малку луѓе беа вработени  во приватниот сектор, иако имаше создавање такви работни места. Клучното прашање е што се случува на ниво на фирмите во приватниот сектор“, наведе Хенчел, укажувајќи дека за секое работно место  не е важна само индивидуалната вредност, туку неговото влијание и за останатите работни места и придонесот за целата економија. Иако многу често се става акцент на средните и на големите фирми, посочи, анкетите покажуваат дека  токму малите микро фирми учествуваат  значително во зголемување  на продуктивноста во развојот. Според Ана Ревенга, директор  во секторот за човечки развој за Европа и за Централна Азија, за  Македонија е клучен предизвик создавањето работни места, а ако сака  да го постигне истото ниво на вработување како во некои од своите европски соседи ќе треба тројно да го зголеми  степенот или темпото на развојот во наредните години. Тоа  е доста тежок предизвик. Тоа не е предизвик кој не е специфичен само за Македонија. Има многу други земји во Европа и светот  во кои креаторите на политиките се борат со прашањето како да се создадат повеќе работни места, наведе Ревенга. Професор Никица Мојсоска Блажевски, декан на Економскиот факултет при Универзитетот Американ колеџ Скопје,  го оквалификува пазарот на работната сила во Македонија како многу статичен, со потреба од зголемување на вештините и поголема активност на младите  кои зафаќаат голем процент од невработените. „Пазарот на работната сила е многу статичен, односно нема многу уништувања на работни  места и нема ниту многу креирања.  Во глобалната криза, креирањето на работните места во Македонија успори значително и македонската економија  во изминатите две до три години креира во просек околу 8.000 работни места. Ова е многу низок број, со оглед дека секоја година имаме 10.000 лица кои дипломираат на универзитетите“, наведе Мојсоска Блажевски. Таа порача дека  треба да се работи на подобрување на вештините на новодипломираните учесници на пазарот на трудот затоа што направените анализи покажале дека токму тоа било  причина за поплака  кај 20 проценти од работодавачите кои не можеле да најдат соодветни вештини. Според анализите од Извештајот на Светска банка, на светот му се потребни 600 милиони нови работни места во наредните 15 години  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија