СБ: Земјоделство во Македонија да се приспособи на климатските промени
Објавено во: Агробизнис 05 Април, 2013
Ранливоста на земјодескиот сектор е повторно доведена во искушение, поради очекуваните идни промени на температурите и врнежите во Македонија, доклку не се преземат соодветни акции, се предупредува во новата студија на Светска банка за влијанието на климатските промени во земјоделството во регионот на Европа и Централна Азија.
Студијата насловена „Гледајќи зад хоризонтот: Како климатските промени и соодветниот одговор на нив ќе влијаат на реобликување на земјоделството во Источна Европа и Централна Азија“, нуди нов поглед како и опции за прилагодување за земјоделскиот сектор во Македонија, Албанија, Молдавија и Узбекистан.
Според студијата, температурите во Македонија во следните 40 години се очекува да се зголемат за 1,8 Целзиусови степени, што е далеку повеќе од зголемувањето на температурите од близу 0,5 степени утврдено во изминатите 50 години. Ваквото зголемување на температурите заедно со промената на врнежите во земјата се очекува сериозно да влијае врз земјоделското производство, бидејќи според проекциите температурите во лето ќе се зголемат за 4 до 5 степени, а ќе се намали достапноста до водата за време на клучниот период за земјоделските култури, од мај до септември.
Врз основа на проекциите, студијата нуди проценки на влијанието од климатските промени врз земјоделското производство во три агроеколошки зони во Македонија. Според сценаријата формулирани врз моделот на влијание на климата со среден интензитет, промените во однос на приносите во земјата ќе варираат од зона во зона. Така продукцијата на овошки како што се јаболката и грозјето би можело да опадне за 45 односно за 32 проценти. Од друга страна, кај приносите од пченица добиена на површини кои се наводнуваат, како и на оние кои не се под систем на наводнување се очекува да се зголемат во сите агроеколошки зони, со можност во некои области тие да се удвојат.
Ова најново издание на Светска банка ги зема предвид негативните влијанија од овие сценарија, како и можноста за искористување на потенцијалните можности создадени од климатските промени.
- Земјоделците веќе се соочуваат со влијанието од климатските промени и нивниот живот зависи од нивната способност да одговорат на нив со помош од владата и од приватниот сектор, вели Вилијам Сатон, автор на студијата и водечки економист на Светска банка.
Клучните препораки на национално ниво вклучуваат подобрување на системот на едукација на земјоделците, особено за растечката суша и избор на сорти отпорни на штетници, подобрување на достапноста на хидрометеоролошките информации и обезбедување иницијативи за консолидирање на земјоделските домаќинства. На ниво на агроеколошки зони, пак, се препорачува подобрување на изборот на сорти на житарици и видови на добиток, зголемување на достапноста на водите и обновување на системите за наводнување и одводнување, како и промовирање мерки на контрола на ерозијата на почвата.
Сознанијата од студијата веќе се вклучени во најновата Стратегија за партнерство на Република Македонија со Светска банка и се интегрирани во Стратегијата за зелен развој која е во фаза на подготовка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.