Сценариото од Бергамо се повторува на Балканот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 17 Март, 2021
Сценариото од Бергамо се повторува и на Балканот.
Во БиХ, коронавирусот неконтролирано се шири, а здравствениот систем е пред колапс. Во последните 24 часа се регистрирани 824 нови случаи во кантонот Сараево, а девет лица ја изгубиле битката со Ковид-19. Премиерот на Сараевскиот кантон, Един Форто, вчера предупреди дека Сараево е најголемото жариште во Европа. Претходно, Кризниот штаб на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево прогласи вонредна состојба и ја прекина употребата на годишен одмор за вработените до ново известување. Вчера пристигна алармантно предупредување од КЦУС, дека имаат кислород само уште два дена. БиХ ја прекина вакцинацијата со АстраЗенека. Инаку, во Бергамо 4 месеци лекарите беа оптоварени со работа, едвај се доаѓаше до слободен кревет, а само во екот на епидемијата, починаа 6.000 луѓе.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.