05 Декември, 2025
0.0362

СДСМ бара странски експерти да го откријат изворот на листеријата во Македонија

Објавено во: Агробизнис 06 Август, 2014 14:25

Добивај вести на Viber

Владата да ангажира странски експерти за да се открие изворот на опасната бактерија листерија и да се спречи натамошната загуба на човечки животи во Македонија, бара опозицискиот СДСМ. „Владата очигледно е неспособна самата да го открие изворот на листеријата. Помина премногу време, згаснаа човечки животи. Несериозно е однесувањето на надлежните државни институции кои со месеци не се способни да одговорат кој е изворот на опасната листерија. Згаснатите човечки животи алармираат на максимална сериозност и објаснување на клучните прашања на кои сè уште нема одговори“, се наведува во соопштението од СДСМ. Според опозициската партија, надлежните институции со месеци немаат конкретен одговор, што кај граѓаните предизвикува страв и сомнеж за тоа што смеат, а што не смеат да јадат. „Фалбите на министерот Никола Тодоров за реформи во здравството, модерна технологија лаборатории, паднаа во вода. Кривичната пријава за непознат сторител проблемот не го реши. Апелираме Владата да го прифати предлогот на СДСМ. Се работи за граѓаните, нивното здравје, нивниот живот“, додаваат од СДСМ. Во меѓувреме, Министерството за здравство преку МРТ денеска ги демантираше кочанските медиуми кои тврдат дека втор пациент инфициран со листерија од нивниот град починал. Според надлежните веста е погрешно пренесена, а досега 55-годишна жена е единствениот починат пациент од Кочани.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?