05 Декември, 2025
0.0367

СДСМ бара во јануари, Ристовски ќе им даде во март покачувања на пензионерите

Објавено во: Економија 12 Декември, 2012 12:47

Добивај вести на Viber

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска го отфрли амандманот на пратеничката група на СДСМ, со кој тие бараа зголемувањето на пензиите да биде од 1 јануари следната година, наместо од март 3013-та како што претходно најави Владата. „Немаме намера да влегуваме во овие дневно-политички ситуации. Ќе ја реализираме програмата на Владата со која се предвидува зголемување на пензиите од март следната година“, истакна Ристовски на седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Од опозицијата ја обвинија најголемата владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ за лицемерие во однос на пензионерите како важна целна група за изборите. Според претседателката на Комисијата Цветанка Иванова, несфатливо е зошто на седницата не присуствува претседателот на Собранието, кој ја закажа оваа седница откако Иванова одби да го стори тоа. Таа исто така рече дека ќе ја закаже оваа седница со девет закони дури откако ќе помине распрвата за 15.000 амандмани на ДУИ и биде донесен Законот за бранители. Реплицираше Министерот кој истакна дека во ситуација кога СДСМ кажува дека Фондот за пензиско е празен, сега истата партија бара зголемување на пензиите од 1 јануари, по што следеше жестокаа дискусија. Освен Предлог-законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, на дневен ред на оваа седница се измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита, по скратена постапка и други седум текстови во прво и во второ читање.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката