18 Декември, 2025
0.0462

СДСМ Битола: Костурски е законски вработена во АЕК со оглас

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2022 19:53

Добивај вести на Viber

СДСМ Битола објави дека функционерката Емилија Костурски е вработена во Агенцијата за електронски комуникации преку оглас, но без да даде други детали. ВМРО-ДПМНЕ претходно обвини дека 56-годишната наставничка од средното медицинско училиште во Битола освоила максимален број поени и на крајот испаднала повеќе квалификувана од конкуренгт-информатичар.

„ДПМНЕ Врховистичко не може да разбере дека луѓето се вработуваат преку оглас. Нејасно им е во ВМРО Врховистичко што е тоа оглас за вработување, кои се процедурите и кој го има последниот збор. Не може да сфатат во ВМРО Врховистичко дека помина времето кога бегалецот од Будимпешта ги диктираше решенијата за вработување по партиските дувла. Вработувањата сега се случуваат по објавен оглас. ОГЛАС! Нешто што беше непознатица за ДПМНЕ Врховистичко и што се врати “на голема врата” од сите нивни градоначалници низ државата. 

Оправдувањето на ДПМНЕ Врховистичко за сите нивни партиски и роднински вработувања е “Секој има право да работи”, а всушност шансата ја имаат само тие со членска од ДПМНЕ Врховистичка. Ќе треба време да се помират со реалноста во која се почитуваат законите и процедурите наместо партиската директива“, се наведува во реакцијата на СДСМ Битола.

Претходно, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, дека Костурски се вработува во АЕК за плата од 55.000 денари, на место соработник за информатички технологии, а доаѓа од позиција долгогодишен наставник во средното медицинско училиште во Битола.

„Антимакедонската СДС мора да објасни како Агенцијата за администрација оценува дека 56 годишната наставничка од медицинско училиште во Битола е посоодветна за позиција соработник за информатички технологии во АЕК, е посоодветна од 35 годишник со завршени информатички студии, којшто исто така конкурирал на огласот?

Антимакедонската СДС мора да објасни дали зад максималниот број на поени за работа во АЕК и петте поени разлика од кандидатот информатичар, пресуден бил фактот што Емилија Костурски е член на ЦО на СДС и заменичка на екс-градоначалничката на Битола?“, објави Стоилковски.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми