Добивај вести на Viber
Според Предлог Буџетот за 2013 година, единственото нешто што во 2013 година навистина и понатаму како и до сега ќе продолжи да расте е задолжувањето, И тоа пред се во странство. И, што е најлошо, ќе расте задолжувањето пред се за да се вратат/отплатат досегашните задолжувања, изјави Ванчо Узунов по завршувањето на економско социјалниот совет во СДСМ.
„Владата сега после седум години се сети да инвестира во железница и во патишта и сега тоа се највува на голема врата а тие пари се недоволни. Да не збориме да се надоместат парите што биле пропуштени изминатите години а не биле инвестирани. И да имаше долг Македонија сега а парите да се вложеа во железница, инфраструктура, енергетика, гасификација и ја би рекол дека задолжувањето ќе беше оправдано. Но ние имаме задожување да се врати претходен долг за непродуктивни трошења. Тоа е катастрофа“ смета Узунов.
(Не)одржливост на макроекономските проекции врз кои се темели буџетот
Стапката на раст за оваа година ќе изнесува околу нула. На таа основа, предвидениот раст за наредната година од 2%, дури и ако биде остварен, всушност претставува признание за продолжување на постојната неповолна состојба на македонската економија. Владата тврди дека најголем „кривец“ за тоа е рецесијата во ЕУ, но, факт е дека ЕУ не е во рецесија, а Македонија е , вели Узунов.
Странски инвестиции
Како основен генератор на предвидениот раст за наредната година се сметаат бруто инвестициите, за кои се очекува да растат со стапка од 6%. Притоа, соодветен придонес за тоа треба да дадат и јавните капитални инвестиции и приватните инвестиции, посебно во ТИРЗ-овите, констатира Узунов и прашува:
“Во таа смисла, прво се поставува прашањето: како тоа ќе растат приватните (СТРАНСКИ-бидејќи се во ТИРЗ-овите!) инвестиции, ако европската економија е во рецесија? Е во рецесија или не е?
Значи, како потенцијални остануваат јавните капитални инвестиции (инвестиции од буџетот), за кои Владата тврди дека наредната година во однос на 2012 ќе порастат за 10,4%! Но, тоа е така откако од износот на јавни инвестиции за оваа година ќе се одземат околу 4,3 милијарди денари (т.е. околу 70 милиони евра) кои биле инвестиции на Агенцијата за државни патишта. Повторно имаме ситуација на селективно манипулирање со податоци смета СДСМ.
Се очекува пораст на извозот на стоки и услуги со стапка од 5,7%, но во услови на по бавен пораст на странската побарувачка! Која е тогаш основата за тоа предвидување? Владата тврди заради проширување на постоечките капацитети во ТИРЗ-овите-но дали е тоа доволно? Понатаму, Владата за наредната година очекува помал раст на увозот од извозот – за 5,3%. Потполно не реално предвидување, заради увозната зависност на извозот. Ако извозот навистина расте, заради неговата производна структура, увозот ќе расте уште побрзо, смета Узунов.
Индустриско производство
СДСМ смета и дека нелогични се предвидувањата за пораст на на индустриското производство за 2,3%? Како, ако нема пораст на странската побарувачка и нема голем пораст ниту на домашната побарувачка? Не е логично. За земјоделието се предвидува раст од 2,1%, но за тоа се предвидува пораст на субвенциите. Два апсурди – прво, без било каква анализа на ефикасноста на досегашното субвенционирање на земјоделието, паушално се планира пораст на субвенциите (станува збор за непродуктивно трошење); и второ, тоа значи земјоделието дури и со поголеми субвенции ќе расте помалку од индустриското производство? Која проекција е погрешна? И двете? Градежништвото треба да има највисок раст од 3,5%. Врз која основа? Ни на повидок нема зделки за извоз на градежни услуги во странство; населението нема (и ќе нема) платежно способна побарувачка; стопанството нема кондиција за поголеми од овогодинешните инвестиции во градежни објекти; следи-единствено заради владините (буџетски) инвестиции во градежништвото, а тоа е проектот Скопје 2014. Колку пати е докажано дека е тој многу повеќе штетен од колку корисен?
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.