СДСМ: Диме Спасов е лош пример за децата, мора да си даде оставка
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
СДСМ побара одговорност од дополнителниот министер за труд и социјална Диме Спасов кој учествуваше во две сообраќајни несреќи, а потоа и побегна на полицијата. Според нив Спасов не смее повеќе да биде одговорен за градинките бидејќи е лош пример.
„Овој човек, дополнителен заменик министер за труд и социјлална политика во Владата возел пијан! Изудирал автомобили на граѓани, а можело да бидат деца, луѓе! Користел службено возило надвор од работно време, дури возилото не е од министерството каде што работи! Напиша скандалозна изјава дека тоа што го сторил не било “тешка сообраќајна несреќа“! Ја лажел полицијата! Ја оставил својата сопатничка на улица за да избега! Избегал од полциијата! Диме Спасов се обидел да избега од одговорност, наместо да се срами и биде совесен и влегува во нови лаги, обвинија од СДСМ.
Доцна вечерта Спасов даде исказ во полициска станица дека наводно бил бркан од мафијаши, но нема објаснување зошто тоа не им го кажал на полициските службеници кои го сопреле, зошто ја оставил девојката која била негова сопатничка сама, зошто го ангажирал службениот возач лажно да даде исказ дека тој наместо него го возел службениот џип Туарег и тоа надвор од работното време кој всушност е во сопственост на Агенцијата за вработување. За сите овие прашања Диме Спасов нема одговор.