СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2025 11:50
СДСМ преку соопштение обвинува дека владејачкото мнозинство изгласало резолуција со која директно се удира врз демократијата.
„Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието не е ниту наивна, ниту случајна. Станува збор за опасно сценарио со кое се удира директно врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата. Клучното прашање е: зошто токму сега? Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна дебата за една голема и важна тема, за договор за кој граѓаните веќе подолго време слушаат од британските медиуми, а секојдневно читаат за докази во Македонија. Тема за која не зборува само опозицијата, туку и релевантни странски медиуми и официјални претставници. Секој ден излегуваат нови информации и докази за оваа тема“, реагираат од СДСМ.
Опозицијата тврди дека резолуцијата е неуставна и најави дека ќе поднесат претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок.
„Последно, и сам претставник на Владата, Александар Николовски потврди дека голем инфраструктурен проект е дел од поширок меѓународен договор со Британија. А граѓаните одамна знаат што значи тоа. Со што е врзан овој Договор со Британија? Што треба Македонија да прими а за возврат да добие 6 милијарди евра креди? Сите знаат. Токму затоа се носат неуставни резолуции. Токму затоа се воведува забрана за говор. Токму затоа се прави обид опозицијата да се замолчи, а јавноста да се држи во страв. Да се забрани дебата за вистината која сите ја знаат. СДСМ заедно со граѓаните ќе се спротивстави на ова опасно сценарио и ќе се избори за правда, демократија и слобода на говор. Борбата продолжува“, соопштија од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




