СДСМ: Економската криза во Македонија се продлабочува
Објавено во: Економија 12 Јули, 2012 15:34
СДСМ денеска оцени дека економската криза и економско-социјалната состојба во Македонија се продлабочува за што, според нив, потврда се клучните економски индикатори.
Претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет Маријанчо Николов истакна дека земјата практично веќе е во рецесија, извозот опаѓа, невработеноста се зголемува, а секој трет граѓанин е сиромашен.
Она што посебно загрижува, рече Николов, е тоа што 41 процент од граѓаните кои живеат во сиромаштија се млади луѓе на возраст до 39 години, а 31 процент се со високо или вишо образование.
- Ова значи дека или владините проекти не се добри или таа лошо ги спроведува, рече Николов, притоа како пример посочувајќи дека не се изградени ниту половина од ветените 1.100 социјални станови.
Од СДСМ ја обвинуваат Владата за непродуктивни трошења и сметаат дека кризата може да се ублажи доколку се запрат овие трошења, а парите се пренасочат кон отплата на долгот кон стопанството и отворање на нови работни места.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





