СДСМ го брише Боро Стојчев од партијата
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2018 14:48
Градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кој беше фатен како шверцува цигари преку македонско – бугарската граница беше осуден на 18 месеци казна затвор.
„Уште кога се случи тоа партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село.
Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна и државотворна политичка партија се водиме од принципите на почитување на правото и на законите.
Оттука го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија“, соопштија од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




