20 Декември, 2025
0.0506

СДСМ: Груевски може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со правдата

Објавено во: Македонија 19 Март, 2017 20:40

Добивај вести на Viber

Никола Груевски мора да ја прифати реалноста. Тој може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со правдата, реагираат од СДСМ со писмено соопштение по интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во дневникот на Канал 5.

Од СДСМ велат дека ефектите од документите на Груевски ги почувствуваа граѓаните. Но, заврши тоа време за лични криминали и криминали на неговите соработници, додаваат од партијата. 

„Сега пред целата домашна и меѓународна јавност е конкретен документ зад којшто стојат околу 700.000 граѓани на Македонија. Тоа е Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто гарантира квалитетен живот за сите граѓани независно од каква било различност, правда за сите, заедништво и реформи за евроатланските интеграции. Таа Програма го разобличува Груевски и тоа го потресува, бидејки му ги одзема сите лажни вести. Никола Груевски мора веднаш да се повлече од насилната реторика, да шири немир и поделби кај граѓаните за непостоечки теми и да ги малтретира луѓето да ги бранат неговите криминали. Тоа што тој го прави е неговата паника и хистерија пред соочувањето со одговорноста. Македонија мора да оди напред“ - стои во соопштението на СДСМ,. 

Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада. Така избраа граѓаните и тоа Груевски повеќе не може да го спречи,  се додава во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки