СДСМ: Груевски нема да биде амнестиран за криминалот, да престане со тензиите
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017 15:00
СДСМ смета дека Груевски не може да ја прифати реалноста дека неговиот криминал повеќе нема да помине неказнето и затоа ја води земјата кон се поголеми тензии.
- Домашната и меѓународната јавност знаат дека постои само еден документ на граѓаните на Република Македонија, тоа е Програмата на новата реформска Влада.
Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изваден од памет од Програмата на новата реформска Влада што ги штити унитарноста на државата и интересите на сите граѓани, затоа што во неа се гарантира и правда за сите и владеење на правото во Македонија.
Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат правда - сакаат амнестија, сакаат заштита на нивните криминално стекнати богатства и сакаат да не одговараат за тоа. Затоа водат кон ескалација и политичката криза. Тоа не е можно. Македонија не смее и нема да биде заложник на криминалните интереси на Никола Груевски и неговите соработници.
700 илјади граѓани очекуваат промени, правда, заедништво и квалитетен живот. Македонија ќе оди напред. Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада, се вели во соопштението на СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




