СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се кошкаат: Едни бараат мандат, другите нови избори
Објавено во: Македонија 24 Март, 2017 10:30
Двете вечни ривалски партии СДСМ и ВМРО продолжуваат со дневните препукувања. И двете партии остануваат на ставовите кои ги истакнуваат секојдневно.
СДСМ бара мирен трансфер на власта, од ВМРО ДПМНЕ пак бараат нови избори за излез од кризата.
Собранието брзо ќе ја избере новата реформска Влада на Република Македонија, велат од опозицијата.
Тие порачуваат дека никој нема право да ја спречи демократски изразената волја на мнозинството на граѓаните на избори а како и досега обвинувања на адреса на владеачката партија за кризата во земјава и богатење на грбот на граѓаните.
„Граѓаните избраа промени и избраа да ги водат сериозни политичари коисе грижат за интересите на луѓето и на државата, наспроти политиките на криминалците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои за заштита на своите богатства и одговорност, се обидуваат да ја турнат земјата во длабока политичка криза и изолација.
СДСМ внимателно како и досега ги води политичките процеси што водат кон реализација на мнозинската волја на граѓаните“, соопштуваат од партијата на Заев.
Тие посочуваат дека има демократски формирано парламентарно мнозинство. Има Програма на новата Влада што ја штити унитарноста на државата и ги обезбедува потребите на сите граѓани, а бараат Ѓорге Иванов да овозможи мирен трансфер на власта.
Наспроти овие тврдења од партијата на ВМРО ДПМНЕ велат дека остро се спротивставуваат на реализација на Тиранската Платформа, бидејќи сметаат дека истовремено преставува класична уцена, но и рушење на највисоките државни и национални интереси.
„Впрочем ВМРО-ДПМНЕ затоа не постигна договор за формирање на Влада, бидејќи не прифати и никогаш нема да дозволи државата да ги изгуби атрибутите на унитарна и мултиетничка држава. СДСМ очигледно оваа Тиранска Платформа ја има прифатено штом молчи и не ја одбива во целост. Затоа СДСМ има потреба да бара од одредени политичари да бидат нивни портпароли, кои со своите изјави ќе ја релативизираат Тиранската Платформа и елементите во неа, кои ќе манипулираат и ќе ја лажат јавноста“, потенцираат од ВМРО ДПМНЕ. Тие уште еднаш го повторуваат ставот дека се потребни нови парламентарни избори. „Изборите се најдобрата дебата која Зоран Заев може да ја направи за Тиранската Платформа и елементите содржани во неа. Доколку смета дека треба да се прифати и реализира ваква платформа, која задира во унитарниот карактер на државата, нека ја престави како своја изборна програма, па граѓаните јасно нека се произнесат што мислат за неа и за политичарите кои ја предлагаат“, дополнуваат од партијата на екс премиерот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




