СДСМ има документи: Власта лаже дека има доволно струја
Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2017 16:35
СДСМ реагира на апелите на ЕЛЕМ дека системот за снабдување со електрична енергија е стабилен. Тие добиле документи од енергетските компании кои го покажуваат спротивното и стравуваат дека ќе има недостиг на струја кога на граѓаните им е најпотребно.
- Лага е дека има струја. Лага е дека нема интервентен увоз на струја. Лага е дека е набавена струја за само 4 часа од вчерашниот ден. Лага е дека набавената струја чини 40 евра за мегават час, како што изјавија на прес конференција претставниците на власта во заминување во државната компанија ЕЛЕМ.
Еве официјални документи добиени од одговорни вработени во енергетските компании. Македонија е оставена без потребните количини домашна струја. Засегнати се домакинствата, семејствата со деца, кои на минус 20 може да останат без струја.
Вчера, на Божик, власта во заминување за да го покрие скандалот, распишала интервентен увоз на струја. Во документот во прилог, точка три, каде се зборува за трошокот за прекуграничен капацитет, може да се види дека станува збор за интервентен увоз на струја.

Струја не се барала само за вечарашната вечер, од 20.00 – 24.00 часот. Се барала струја и за денеска 08 јануари и за утре 09 јануари, како што може да се види од документот.
Од другиот документ во прилог на ова соопштение, можете да видите по каква вртоглава цена е направена набавката. Набавена е струја по цена од 59.3 евра за мегават час! Тоа е 36 проценти повеќе од дозолената цена за увоз од страна на Регулаторната комисија за енергетика во последната одлука (38 евра/МWh).
Интервентната набавка на струја за само два дена ги чини граѓаните 300.000 евра!
Да работеа сите три блокови на РЕК Битола граѓаните ќе имаа струја и немаше да биде потрошен ни денар од нивните пари.
Вака, вистинските ризици од недостиг на струја допрва следуваат, бидејки како што објавивме, постојано не работат некои од блоковите на РЕК, и покрај наводните поправки од стотици милоиони евра.
Бидејки нема домашна струја, утре власта ќе мора повторно да распише нов интервентен увоз.
Тоа значи дека граѓаните на Македонија се оставени да зависат од тоа дали во последни моменти ќе биде набавена струја или не. Тоа значат и нови стотици илјади евра за интервентен увоз, што ќе ги качи сметките за струја!
Итно е потребна нова Влада на граѓаните на Република Македонија, којашто ќе преземе итни, сериозни мерки во интерес на нивните потреби, велат од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




