СДСМ: Итно да престане дивеењето предизвикано од Груевски
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2017 21:12
СДСМ најжестоко и најостро го осудува насилството врз новинарска екипа на потралот А1он.мк, при што, според информациите што ги имаме, тешко се повредени новинар и снимател за време на професионални должности на вечерашниот протест во Скопје.
„Бараме од Никола Груевски и од криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престанат, за спас на сопствената кожа, да провоцираат и поттикнуваат нецивилизирано дивеење кое што вечерва кулминира со тешки телесни повреди на медиумски работници.
Повиците за линчови, говорот на омраза, нарачаните инциденти во кои има каменувања и кршење објекти, обидите за вознемирувања на семејства во домови мора веднаш да запрат.
Овој начин што го избра режимот во заминување, да страдаат невини луѓе, за криминалците да не понесат одговорност за злоделата што 10 години ги прават врз граѓаните во Македонија, е уште една потврда за исправната одука на мнозинството граѓани за промени и потребата од итен и неодложен мирен трансфер на власта.
Демократските промени во Македонија, за коишто се изјаснија над 612.000 граѓани се незапирлив процес.
Ќе има одговорност за сите последи врз граѓаните од несовесните и неодговорни политики и нивните нарачатели и извршители.
Ги повикуваме граѓаните да не влегуваат и да останат мирни, на браникот на демократските процеси.
Македонија ќе добие стабилна Влада којашто ќе биде гарант за стабилноста и безбедноста во државата“, реагираат од партијата на Заев.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




