СДСМ: Ја враќаме евтината тарифа на струјата, за пониски сметки!
Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2017 09:32
Опозицијата со нови бадникови ветување.
Вели ќе ја врати евтината тарифа на струјата и ќе овозможи секој ден и во и во текот на денот граѓаните да имаат по два часа евтина тарифа на струјата.
„Ќе воведеме евтина викенд тарифа, со што евтината струја нема да биде достапна само во недела, како сега, туку во текот на целиот викенд.
Ова е само еден од начините со коишто ќе придонесеме кон намалување на сметките за струја“, соопштуваат утрово од СДСМ.
„Во празничните денови, кога обемот на домашни активности е зголемен, драстично е зголемена и потрошувачката на струја. И овој јануари ќе биде тежок за најголем дел од граѓаните поради големите трошоци, а ниските примања.
Граѓаните знаат дека во изминатите 10 години сметките за струја се зголемија за рекордни 100 проценти, причина за тоа се криминалните политики на досегашната власт со коишто е зголемен скапиот увоз на струја во Македонија, за да се богатат поединци, а намалено е домашното производство на штета на сите други граѓани“,обвинува СДСМ.
Во Планот за живот во Македонија, од партијата на Заев велат дека се обврзале дека ќе ги подигнат сите домашни енергетски капацитети, ТЕЦ Неготино, Чебрен и Галиште, ТЕЦ Осломеј, ќе обезбедат сопствена механизација на РЕК Битола, со што ќе обезбедат стабилен домашен енергетски систем.
„Ќе ги искористиме и природните енергенти со коишто е богата Македонија, сонцето, ветерот, водата. Со сето ова ќе го зголемиме домашното производство на струја и ќе ги намалиме потребите за увоз на струја. Ќе го воедеме гасот и како најефтин и еколошки енергенс, во целата држава. Со овие системски енергетски политики ќе влијаеме на помали трошоци за електрична енергија за граѓаните, домакинствата и за индустриите“, посочуваат од опозициската партија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




