СДСМ: Јазлеста кожа го сотре добитокот, вакцини уште се чекаат!
Објавено во: Агробизнис 24 Јуни, 2016 14:17
Пропустите и грешките на Агенцијата за храна и на Министерството допринесоа сточарите, млечната и месната индустрија во Македонија да трпат огромни штети, обвинува опозицијата.
На повидок е млечна криза и забрана за извоз на млеко и месо од целата територија на Македонија.
„Сточарите на коишто им беа одземени животните никој не ги обештетува. Се уште нема исплата на штета за ниту едно одземено грло добиток од сточарите и не се знае кога тоа ќе се случи. Веќе трет месец се чекаат фамозните 250.000 вакцини против болеста. Ваквите катастрофални грешки на ВМРО-ДПМНЕ ќе го преполоват бројот на говеда во земјава, ќе ги банкротираат сточарите и ќе ја срушат млечната и месната индустрија во Македонија“, реагира СДСМ преку Љупчо Николовски член на Извршниот одбор на СДСМ..
Од партијата на Заев велат дека за оваа болест некој мора од власта да понесе одговорност, бидејќи АХВ и МЗШВ знаеле и биле информирани за можноста за ширење на болеста.
Николовски тврди дека се направени се многу пропусти во 2015 година. Не се испланирале и не се обезбедиле финансиски средства за набавка на вакцини и не обезбедиле односно резервирале одредени количини вакцини, а надлежните не спровеле ни . мониторинг контроли за рано откривање на болеста и не обезбедиле пари за обештетувања на сточарите за уништените животни.
„Пропустите да бидат уште поголеми пропишна е погрешна мерка во Решението за прогласување и сузбивање на болеста Јазлеста кожа. Животните кои биле во контакт со болните грла од сите зафатени подрачја се транспортират до кланица во Радовиш каде се колат, со што се овозможува ширење на болеста од едно во друго подрачје. Однапред не се одредени локации за закопување и уништување заболени говеда.Болните животни се убиваат две до три недели после утврдувањето на болеста со што истите во меѓувреме продолжуваат да бидат извор на ширењето на болеста.
Јавноста воопшто не е иформирана за ништо а не се познати ниту вкупниот број на жаришта, заболени и уништени грла добиток.
Сето ова се случува поради некоординираност на кризниот штаб, неформирање на штабови во регионите, неопределени локации за закопување на уништените заболени говеда и необезбедени финансиски и материјални средства на сите нивоа“, обвини Николовски.
Тој ги повика надлежните да ја преземат одговорноста и да си дадат оставки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





