26 Март, 2025
0.0393

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за полициските командири од Кочани

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 13:05

Добивај вести на Viber

Мартин Костовски од СДСМ денес објави дека неговата партија ќе поднесе кривични пријави за полициските функционери од Кочани кои биле одговорни за трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ доколку тоа не се случи во рамките на официјалната истрага на Обвинителството и МВР.

„Законот за јавни собири јасно упатува на тоа за кои јавни собири е одговорна полицијата. Според информациите на овој настан имало 650 луѓе. Согласно законот, полицијата била должна да има оперативни сознанија за настанот и соодветно да го обезбеди овој настан дури и во случај ако тој не е пријавен од организаторот. МВР во Кочани тоа не го направиле. Ако МВР постапеле согласно законот, ќе имало обезбедено на Противпожарна бригада, Брза помош, соодветен број полициски службеници и сите пропратни безбедносни мерки за ваков тип настани, со што несреќата можела дури и да се превенира.

Од снимките вечерта се гледа дека полицијата била присутна во објектот. Ова значи дека знаеле за настанот, но не го обезбедиле соодветно.

Со ова се поставува прашањето, дали сите надлежни од МВР таа вечер сториле кривично дело со несторување односно непостапување? Дали се изземени од одговорност службеници, началници и командири кои вечерта биле на должност? Доколку истрагата во продолжение не ги опфати и нив, СДСМ со својот правен тим ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Ова е последен повик до институциите: направете го она што ви е должност. Немојте да терате селективна правда. Токму тоа е она против кое се борат граѓаните.

СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите детали и да ги поставува сите правно издржани прашања, кои укажуваат на сериозни пропусти и кривични одговорности за лица за кои во моментов нема информации дека се дел од истражната постапка или се во притвор. Целта е една – правда и вистина“, објави Костовски.

СДСМ прашува зошто ниту еден од командирите, инспекторите, и раководството на БЈБ и МВР во ОВР Кочани и СВР Штип не е во притвор, иако морале да знаат што се случува.

Од таму прашуваат како е возможно да не се истражуваат лица кои вечерта биле на одговорни позиции, со должност и овластување да реагираат – но не го сториле тоа?

Според СДСМ, сите седум вработени во МВР, кои се моментално во притвор, не биле на функции во денот на пожарот во дискотеката.



Можеби ќе ве интересира

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ

Митева: Контролите продолжуваат, пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири

Митева: Контролите продолжуваат, пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири

СДСМ: УЈП не побарал стечај за фирмата сопственик на дискотеката „Пулс“, а сметката им била блокирана 217 дена

СДСМ: УЈП не побарал стечај за фирмата сопственик на дискотеката „Пулс“, а сметката им била блокирана 217 дена

ПРВИОТ ПАЦИЕНТ ЛЕКУВАН ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАТИ ДОМА, НЕКОИ СЕ СЀ УШТЕ КРИТИЧНИ: Лекарите предупредуваат на можни инфекции

ПРВИОТ ПАЦИЕНТ ЛЕКУВАН ВО СТРАНСТВО СЕ ВРАТИ ДОМА, НЕКОИ СЕ СЀ УШТЕ КРИТИЧНИ: Лекарите предупредуваат на можни инфекции