СДСМ контра Иванов: Изборите се спас за Груевски, решение за кризата е само нова Влада!
Објавено во: Македонија 20 Март, 2017 15:31
Опозицијата писмено ќе го извести шефот на државата за конститутивната седница и изборот на новиот спикер кој како што соопштија од кабинетот на СДСМ ќе биде должен веднаш да му го даде мандатот на Заев.
Од СДСМ реагираат на изјавата на Ѓорге Иванов во интервју за унгарскиот весник Маѓар Хирлап каде посочува дека едно од можните реженија за излес од кризата се нови избори.
„Ѓорге Иванов нема право за личен спас на НиколаГруевски да ги држи во заложништво
граѓаните и Република Македонија!
Со денешното интервју, Иванов самиот се разобличи во намерата да го поддржува Груевски во неговата цел за продлабочување на политичката криза.
Но, двајцата, не смеат да го уриваат уставниот поредок, да предизвикуваат дестабилизација, да излегуваат со неразумни барања за нови избори,само затоа што Груевски има потреба да бара спас од одговорноста за криминалите што ги правел“, стои во реакцијата на СДСМ.
Според партијата на Заев пак, единствено решение за излез од кризата е формирање нова Влада во најкус можен рок.
„Партиите треба да го бараат решението преку одговорно однесување, а во согласност со Уставот на Република Македонија. Ниту едно решение не смее да го поткопа унитарниот карактер на државата и мора да биде во насока на заштита на државните интереси на Република Македонија. Се разбира, можно решение за надминување на ситуацијата се и нови предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе се изјаснат и за темите кои се наметнаа во постизборниот период, вели претседателот Иванов, во интервју за еден од најпрестижните и најтиражните унгарски весници „Magyar Hírlap“.
Иванов изјави дека дел од барањата на партиите од албанскиот политички блок, се во судир со Уставот на Република Македонија и не соодветствуваат со реалната состојба во земјава.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




