СДСМ контра министерот за земјоделство-колку од домашната пченица е откупено?
Објавено во: Агробизнис 02 Септември, 2013 15:25
Не е точно тврдењето на министерот за земјоделство Љупчо Димовски дека досега се откупени 94 проценти од годинешната пченица, ниту дека просеќната цена е 11 денари, реагира денеска СДСМ.
Според партијата која се повикува на анализи од терен, во Пелагониско над 50 проценти од годинашниот род стои во вреќи по дворовите и амбарите на земјоделците.
- Ова не е тешко да се провери. Доволно е само министерот Димовски да ги посети пелагониските села и самиот да се увери колку пченица стои неоткупена. Земјоделците знаат дека пченицата ја даваа за најмногу 10 денари за килограм, посебно оние најсиромашните, кои се мачат да обезбедат средства за елементарни потреби, комбајн, струја или вересии по продавниците и земјоделските аптеки, стои во реакцијата на СДСМ по изјавата на министерот Димовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





