СДСМ КОНТРА МЗШВ: Каде завршувале парите преку програмата за рурален развој?
Објавено во: Агробизнис 18 Јули, 2016 11:35
Повторно опозицијата му контрира на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Овој пат членот на Извршниот одбор на СДСМ ја обвини власта дека не само што делела и исплаќала субвенции на сомнителен начин, туку и огромни суми пари преку програмата за рурален развој на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица за чистење канали.
„Скандалозно е што парите за наводно исчистени канали ги добивале лица или фирми, само врз осова на барање и документација, без притоа овластени контролори на Платежната агенција да ја проверат на терен фактичката состојба и да направат и достават Записник.Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој била должна согласно закон пред да исплати пари, да ја утврди состојбата на терен. Ревизорот јасно констатира дека не се вршеле контроли и пред одобрување на барањата што е нова можност за злоупотреби - едно да е наведено во барањето, друга да е ситуацијата на терен“, тврди Никловски.
Николовски додава и дека ревизорот предочува дека е можно за едни исти проекти да биле исплатени двојно пари, односно постоел ризик за двојно финанисрање на проекти кои се веќе финансирани од други извори и институции !
„Кои се тие лица или фирми што добиле бизниси за чистење канали во земјоделството и се чувствувале толку сигурни и моќни за да им бидат исплатени суми, без да подлежат на контроли и процедури според законите?!Фактите водат кон послушници на Никола Груевски“- запраша Николовски.
Од Министерството за земјоделство пак очекуван демант стигна на адреса на обвинувањата на Љупчо Николовски.
„Иако од Платежната агенција одговорија дека „главните забелешки се корегирани за што сведочи и изјавата на Главниот државен ревизор; дека во ниеден дел од извештајот не е наведено дека средствата се исплатени неправилно, незаконски и не е наведена сума на злоупотребени средства; како и тоа дека Агенцијата работи согласно важечките законски и подзаконски прописи и акти, што е потврдено од страна на сите досегашни ревизии извршени од Европската комисија, надворешните независни ревизии, како и од страна на државниот ревизор“, Николовски вчера повторно со желба да се слика и појавува во јавност, зборуваше за наводно сомнително исплатени 3 милиони евра преку Програмата за рурален развој“, пишува во демантот на министерството.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





