СДСМ: Мицкоски бадијала сонува за двете опции
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2018 18:37
„Денеска од Христијан Мицкоски ја слушнавме истата стара приказна, на нова повторувачка прес конференција.
Фејсбук статусот на Никола Груевски напишан во афект во 3 часот по полноќ, излезе низ устата на Христијан Мицкоски.
Мицкоски сонува за две опции: Прво, Македонија да му даде амнестија на Груевски, второ Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ“...вака од владеачката партија го искоментираа кажаното од опозицискиот лидер на денешната прес конференција.
Од СДСМ велат дека единствено за Мицкоски, и само за него, договорот со Грција е мртов.
„Во момент кога цел свет дава поддршка на Македонија, Мицкоски му врти грб на целиот свет, само за да го спаси Груевски. Мицкоски е против цела Македонија и против целиот демократски свет.
Она што Мицкоски денеска го побара е спротивно од она што граѓаните го очекуваат и заслужуваат.
Затоа, бадијала сонува, овие желби на Мицкоски нема да се остварат.
Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и затоа стратешката определба на Македонија мора да биде почитувана.
Ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по секоја цена одат спротивно од тоа, тогаш единствен излез се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш.
Истото тоа огромно граѓанско мнозинство очекува правда над криминалите на фамилијата.
Затоа, нема амнестија за криминалот. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, без разлика дали Мицкоски се противи на тоа или не“, стои во соопштението на владеачката партија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




