СДСМ: Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2018 17:04
Oд СДСМ велат дека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот пион, Христијан Мицкоски се спречени во намерите да ја закочат македонската иднина.
Велат Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени, не успеаја да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и остануваат единствени кои дејствуваат спротивно на наципналните и државни интереси.
„Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Христијан Мицкоски. 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување гласаа за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитуваа јасно изразената волја на над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои излегоа на референдумот на 30 септември. Македонија се обеднини околу врвните национални и државни интереси. Сега, кон таквиот историски успех треба да се приклучат сите кои се за НАТО и ЕУ без разлика на на нивната партиска припадност“, велат од СДСМ.
Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО без разлика колку тоа да не му се допаѓа на Мицкоски и антизападните марионети во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во реакцијата на СДСМ. .
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




