СДСМ: Мора да се одблокираат парламентарните процедури и да се избере спикер
Објавено во: Македонија 23 Март, 2017 09:40
Од СДСМ велат дека мора да се одблокираат парламентарните процедури и во согласност со деловникот што побргу да се избере претседател на Собранието.
Од партијата додаваат дека „новиот претседател на Собранието ќе прати допис до Ѓорге Иванов и ќе му го обезбеди рокот од 10 дена што го бара за да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за составување на новата влада“.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат право заради заштита на криминалните интереси на Никола Груевски да се инволвираат во продолжување на политичката криза, што оди на штета на интересите на граѓаните, на бизнис-секторот и на иднината на државата. На веродостојни избори се избрани новите пратеници во Собранието кои имаат право според Уставот да го формираат новото парламентарно мнозинство“- стои во соопштението на СДСМ.
Од партијата потсетуваат дека Европската Унија соопшти дека има позитивни намери со Македонија, отворање на поглавјата 23 и 24 поврзани со правосудството и со безбедноста.
Од СДСМ велат дека тоа ги отвора и европските перспективи на државата и на граѓаните и тоа е патот на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




