СДСМ му подготви црно на бело на Ахмети - Ќе ги чека потписите
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2017 17:05
СДСМ веќе ги подготвиле писмените гаранции кои Али Ахмети ги побара од нив за да им ги даде потписите на своите пратеници што е главен услов за потоа претседателот Иванов да го додели мандатот на новото парламентарно мнозинство и да преговара за составување на идната влада.
Подготвени се писмените материјали што Али Ахмети ги бара од Зоран Заев и наскоро ќе бидат доставени до ДУИ, велат за Алсат-М извори во СДСМ. Засега не се прецизира нивната содржина. Социјалдемократите сметаат дека следната недела ќе биде одлучувачка за партијата на Ахмети – очекуваат дека ќе ги добијат неопходните пратенички потписи за добивање мандат за составување влада.
Паралелно, работните групи на двете партии разговараат за деталите од идната владина платформа, а ќе се чека и на потписите од БЕСА и Алијансата на Албанците каде клучна ќе биде албанската декларација со повеќе етнички барања.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




