СДСМ му порача на Јакимовски дека е минато како и неговиот партнер Груевски
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2017 17:50
СДСМ секогаш „емотивно“ реагира на изјавите на нивниот поранешен соборец Стевчо Јакимовски, па така беше и овој пат по неговото интервју за Радио Слободна Европа во кое посочи дека ако СДСМ формира влада тогаш ќе имаме нови политички проблеми и дека ќе биде изиграна волјата на граѓаните кои гласале за победничката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
- И Стевчо Јакимовски ќе се соочи со својот политички крај, исто како што тоа му се случи на неговиот ментор Никола Груевски. На парламентарните избори граѓаните на Карпош кажаа што мислат за работата на Јакимовски и на ВМРО-ДПМНЕ и го казнија нивното криминално владеење и во општината што ја уништија.
Граѓаните не сакаат тендер политичари. Не сакаат некој како Јакимовски да продолжи да прави масакр на зеленилата во општина Карпош и да гради непотребни објекти за лично богатање и коалициски бизниси. Додека нивното здравје се нарушува поради огромното загадување на воздухот. Граѓаните избраа промени, сакаат нови одговорни политичари и квалитетен живот.
Никогаш повеќе да не се повторат политички профитери како Стевчо Јакимовски и неговиот партнер Никола Груевски“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




